за

ЕУ наплатила 413 милијарди евра автомобилски даноци

наплата автомобилски даноци

Европските влади секоја година собираат од возачите стотици милијарди евра на име автомобилски данок. Даночењето на автомобилите лани донело 413 милијарди евра само во касите на 15-те земји членки пред проширувањето на Унијата во 2004 година, што е трипати повеќе од вкупниот буџет на Европската Унија. Вкупната наплата е за 4% повисока во споредба со претходната година.

Даноците во 20 членки на ЕУ се одредуваат според емисијата на СО2 од возилото

Како основа за сите давачки при купување и користење на возилата најчесто се зема емисијата на СО2, иако во некои членки на ЕУ и натаму важи наплатата според моќноста, цената, тежината, зафатнината или комбинација од овие фактори. Од минатиот септември се применува нов стандард за одредување на емисијата на СО2.

Според новиот „светски стандард“ (WLTP) се добиваат повисоки и пореални вредности отколку со старата норма NEDC, а тоа би повлекло и повисока наплата на даноци од возачите. Прва држава во ЕУ што воведува даночење според новата норма WLTP е Данска, кадешто тоа ќе се применува од јули годинава. Во сите останати држави засега продолжува да применува стариот стандард NEDC.

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух

ЕУ ќе забрани палмово масло во биодизелот

ЕУ бара за третина помалку СО2 од автомобилите до 2030 година

Брегзит ќе ѝ ги однесе еколошките автомобили на Европа

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

топ 10 погодоци и утки

Топ 10 погодоци и утки на неделата: Pininfarina е марка и Гугл Транслејт најчитан автор

jaguar land rover fabrika

Jaguar Land Rover отпушта 1000 работници