На автопатиштата во Австрија во најголемиот број случаи е дозволено да се вози најбрзо со 130 километри на час. На одредени делници, сепак важи построго ограничување на брзината и смее да се вози најбрзо со темпо 100. Тоа не важи за автомобилите што возат на струја.
Во Австрија важи Закон за заштита од емисија, којшто зафаќа и во дозволената брзина по автопатиштата. Заради зачувување на квалитетот на воздухот, по делниците што минуваат покрај населени подрачја, со Законот се ограничува брзината на возење на 100 километри на час. Исклучок важи за електричните возила, исто и за возилата со погон на водород, за коишто е дозволено да се движат со вообичаената највисока брзина по австриските автопатишта, односно со 130 km/h.
Некои од најоптоварените делници на коишто важи ова ограничување, односно „ослободување“ за електричните возила, се автопатот А12 што минува низ долнината на Ин, како и по западниот автопат А1. Вкупно постојат околу десетина делници.
Овој исклучок, од почетокот на минатата година важи и за странските електрични автомобили. Претходно, само австриските електрични автомобили смееја да продолжат да се движат со 130 km/h на делниците на коишто се применува заштита на квалитетот на воздухот. Измените беа извршени на барање на Комисијата на ЕУ.
There is 80 + IG-L pic.twitter.com/f8vFT99epx
— 🇺🇦 Raffael 🔋🚗⚡️ (@raffaeru) November 27, 2019
Доколку во Австрија се пречекори дозволената брзина, следи парична казна во висина од најмалку 30 евра. Казните за пречекорување на брзината на делниците на коишто електронски се прикажува дека подлежат на заштита со Законот за заштита од емисија, обично се многу повисоки во споредба со прекршоците за пребрзо возење на делниците што не подлежат под Законот. За пречекорување на брзината до најмногу 30 km/h, паричната казна обично изнесува 90 евра.
Студија во САД: Загадениот воздух ја смалува интелигенцијата