за

Toyota в петок претставува нов Crown

Toyota најавува важна премиера, на 15-ти јули ќе се одржи онлајн-презентација на новата генерација на Crown, најдолготрајната моделска серија на марката.

Вообичаено за Toyota, од новиот модел се откриваат само неколку детали, но се најавува и голема промена кај новата генерација на Crown. Бизнис-лимузината веројатно ќе продолжи како бизнис-кросовер.

Тоа ќе биде шеснаесеттата генерација на Crown, моделското име што е најдолготрајно во понудата на Toyota. Првата генерација имаше премиера во 1955 година, а моделот што наскоро заминува во пензија беше претставен во 2018 година. Јапонскиот производител го цени својот модел како голем носител на иновации. Лимузината на високо место во традицијата на Toyota имаше контрола на тракција, односно систем за спречување на пролизгувањето на погонските тркала, уште во осмата генерација, во 1987 година. Уште бројни системи што потоа преоѓале во стандард за целата марка, а неретко и за браншата, прво се појавувале во Crown.

Јапонскиот пазар ја препознава Toyota Crown како модел од висока класа, којшто е практично само едно скалило под знаменосецот Century, што во најголемиот дел се изработува рачно и бавно. Актуелниот Crown во Јапонија се нуди само со хибриден погон, со цени во дијапазон од 4.899.000 јени (околу 35.500 евра) за моделот со 2,5-литарски хибрид, до 53.750 евра за моделот со 3,5-литарски хибрид и врвно ниво на опрема G-Executive.

Во вообичаениот стил на Toyota, најавата за премиерата на новиот Crown за 15-ти јули, проследена е само со неколку детали. На кусото видео се прикажуваат предните и задните светла, коишто оддаваат автомобил со висока технологија. Големата промена е во формата. Кадрите во видеото ги придружува текст „Што е Crown? Лимузина, СУВ?“ Потоа се наѕира опашот, каде што е несомнено дека се случува голема каросериска промена. Идниот Crown ќе биде престижен кросовер.

Премиерата е на 15-ти јули во 1.30 часот попладне по локално време, односно 6.30 часот наутро по средноевропско време.

Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Австрија дозволува електричните автомобили да возат побрзо по автопат

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Електро-марката на Volvo продаде над 20.000 возила до јули