за

Електро-марката на Volvo продаде над 20.000 возила до јули

Polestar, марката што произлезе од Volvo и специјализирана е за електрични возила, во првите шест месеци продала 21.200 возила. Тоа е за 125% повеќе од лани.

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Првите шест месеци минаа одлично за премиум марката електрични возила Polestar. Имајќи предвид дека марката уште е млада и соборувањето на сопствените рекорди практично се подразбира, растот од 125% во продажбата сепак говори дека марката на Volvo постигнува нешто исклучително.

Polestar објави дека во периодот од јануари до јуни годинава продал околу 21.200 електрични автомобили, што е повеќе од двојно над резултатот од истиот период лани, кога беа продадени 9.510 возила. Шведскиот специјалист за електрични возила, произлезен од Volvo и дел од Geely, јавува и за полни книги со нарачки, а воедно и за одлична прифатеност на марката на новите пазари.

Вкупниот број нарачки во првото полугодие од 2022 година достигна 50.000 возила, што е 350% повеќе во споредба со истиот период лани. За оваа одушевувачка бројка придонесува и договорот за испорака на возила за рентакаркомпанијата Hertz, односно пристигањето на првата нарачка од гигантот. Менаџерите се сигурни дека планираната цел за испорака на 50.000 возила годинава ќе биде постигната.

Во првото полугодие стартуваше продажбата на Polestar на шест нови пазари, така што вкупниот број на земји во коишто моментно е достапна електричната марка изнесува 25. Соодветно е зголемен и бројот на салони, од 103 на 125 салони во светски рамки. До крајот на годинава се предвидува дека ќе бидат пуштени во работа уште 30 нови салони.

За големата заинтересираност за електричните возила на Polestar говори податокот дека бројот на пробни возења во салоните се зголемил за 210 проценти

За побрзо да се надомести продукцијата на возила што изостана, поради ставањето на погоните во мирување, во новиот бран на корона во Кина, фабриката сега воведува и втора смена.

Следната голема вест од Polestar ќе биде првиот СУВ-модел со високи перформанси, Polestar 3. Почетокот на продажбата на новиот модел се очекува во октомври. Од новиот модел се очекува многу, посебно на американскиот пазар, кадешто и натаму се бележи голем раст во продажбата на СУВ моделите.

Новиот СУВ ќе има и повеќе американски корени, затоа што Polestar ќе го произведува моделот во својата фабрика во САД. Планот на Швеѓаните е продажбата да ја зголемат на 290.000 возила до 2025 година, што е десетпати повеќе отколку продажбата лани.

Hertz нарача 65.000 автомобили од електричната марка на Volvo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota в петок претставува нов Crown

Kia XCeed ќе добие нов лик и електромотор под хаубата