Kia XCeed ќе добие нов лик и електромотор под хаубата

Во вообичаениот манир на Kia, цртежите од новото моделско годиште на XCeed се пуштаат во јавност неколку денови пред премиерата. Главната новина кога станува збор за модел на Kia, посебно по актуелната гама на Ceed: Кросоверот XCeed првпат ќе се нуди и во изведба GT Line.

Многумина го толкуваа лансирањето на Kia XCeed како храбар чекор. Кога сцената вели дека некој модел е храбар чекор, тоа обично значи дека се јавува мал сомнеж дали моделот навистина ќе биде прифатен, колку што заслужува. Кросоверот во гамата на Kia Ceed масовно е оценет како успешен дизајн. Целиот концепт е погоден, од дизајнот, преку зголемениот клиренс, по повишеното седење и повисоката спецификација, XCeed е впечатлив автомобил, што добива одобрение од познавачите.

Но, кој уште можеше да се надева – надвор од Kia, каде што менаџерите е очигледно дека одлично го познаваат движењето на пазарот – дека XCeed ќе постигне продажба што одвај заостанува зад матичниот Ceed. Од јануари до мај, во ЕУ-27 се продадени 22.598 примероци од кросоверот. Наспроти тоа, Ceed постигнал 31.510 примероци. Сé се одвиваше со молскавично темпо. Kia XCeed е школски пример за точно погоден момент на лансирање на модел во празнина на пазарот. Peugeot наскоро стартува со продажба на 4008, Citroen исто така го подготвува пазарот за C4 X, Opel ќе нуди кросовер, уште бројни новитети следат.

https://photos.app.goo.gl/tfo8vEwkpom1rwyH8

Со моделското освежување се враќа изведбата со приклучен хибриден погон во гамата на XCeed. Новините што се однесуваат на целата гама се во подрачјето на системите за асистенција, односно за комфор и безбедност, како и во поврзувањето, користењето онлајн-услуги и во функционалноста на инфо-забавниот систем.

Премиерата на новиот Kia XCeed е на 18-ти јули, во 9 часот наутро. Очекуваме наскоро и Киа Македонија да објави датум на пристигање на кросоверот на нашиот пазар.

Од македонската премиера на Kia XCeed во 2019 година

kia xceed domasna premiera
kia xceed domasna premiera

Тест: Kia XCeed 1.5 T-GDi

Претходна објаваЕлектро-марката на Volvo продаде над 20.000 возила до јули
Следна објаваХамбург собрал над 30 милиони евра од казни за пребрзо возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here