за

Peugeot, Fiat и Renault со најдобра салонска услуга според полски Auto Swiat

Полскиот магазин Auto Swiat го спроведе по 20-ти пат Големиот Тест на Салони. Тоа е најголемото истражување на квалитетот услугата на дилерските мрежи во земјата.

Фото: Auto Swiat

Дваесетта година во низа, лиценциранотo издание на германскиот Auto Bild во Полска, магазинот Auto Swiat, во соработка со агенцијата Minds & Roses го спроведе Големиот Тест на Салони. Тестирањето се врши според начелата на непознат купувач (мистери шопинг) со цел да се утврди чија дилерска мрежа нуди најдобра услуга за своите корисници во земјата.

Истражувањето се врши во три главни категории: Организација на салонот, квалитет на услугата и тест возење. Годинава беа опфатени 25 марки, од кои 16 големоволуменски и девет премиум марки. Вкупно беа опфатени 339 салони.

Свеченото прогласување на резуатите од Големиот Тест на Салони 2023 и доделувањето на признанијата за претставниците на наградените марки се одржа во Варшава, за време на автомобилската конференција „Мотоморфоза – за кого е добра електромобилноста“, што ја организира Minds & Roses.

Меѓу големоволуменските марки, највисок резултат постигна Renault, со 94,2 проценти, со што Французите го потврдија успехот од минатата година. На второто место е Fiat со 93,7 проценти, третото место му припаѓа на Peugeot со 93,5 проценти.

За високото ниво на салоните сведочи фактот што шест од 16 марки постигнаа резултат над 90 проценти, со разлика меѓу прво и третопласираната марка од само 0,7 процент.

Меѓу премиум марките предводи Mercedes, бранител на титулата од минатата година, со 95,2 проценти. На второто место е BMW со 93,6 проценти, трет е Lexus со 91,8 проценти.

Кај премиум марките, четири од девет марки постигнаа резултат над 90 проценти.

По повод 20-годишнината на Големиот Тест на Салони, Auto Swiat и Minds & Roses доделија посебни награди за марките со најдобри резултати во изминатите две децении.

Меѓу големоволуменските марки, шампион е Skoda, пред Toyota и Volkswagen. Кај премиум марките, води BMW, пред Lexus, а третото место го делат Audi и Volvo.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британци трета сезона ќе возат рели-куп со Defender

Виетнам е новиот голем пазар за Skoda