AUTO BILD пишува: „Автомобилите знаат сé за нас“

Германскиот магазин предупредува за опасностите од запишувањето на податоците во модерните автомобили. Само производителите имаат пристап до овие податоци.

Меморирањето на телеметриските податоци во модерните возила се претвора во горлив проблем на заштитата на личните податоци, пишува магазинот Auto Bild во последното издание. Адвокатите дискутираат околу тоа во чија сопственост се овие податоци и во кој обем производителите смеат да ги користат истите. Според нив, сопствениците на автомобили мора да се точно информирани за овие податоци.

Не се собираат само податоците за системот против блокирање и за воздушните перници, туку и за клима уредот, засилувачот на силата на сопирање, темпоматот, па дури и светлата. Сите овие информации се само дел од гигантската мрежа на податоци во која што се мерат брзината, вртежите на моторот, позицијата, растојанието, центрифугалната сила, натовареноста или знаците за замор кај возачот.

Единствено производителите имаат пристап до шифрираните информации. Екстремните случаи како на пример возење со високи вртежи, преоптоварување или други отстапувања од нормалните услови на возење се меморираат и му овозможуваат на производителот да ги користи, на пример во случај кога корисникот ќе побара остварување на правото на гаранција за возилото. Во тој случај, производителот може лесно да го одбие ова барање.

Претходна објаваВиена ќе постави 300 полначи за електрични автомобили до 2015 година
Следна објаваБелата е најпопуларна боја во 2013 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here