Во следните четири години марката од Инголштат ќе инвестира рекордна сума во инфраструктура и развој на нови модели. Во план се и десет комплетно нови модели.
Audi планира инвестиција од 24 милијарди евра до 2019 година, што е за две милијарди повеќе отколку во претходното четирилетие. Седумнаесет милијарди евра се наменети за материјални инвестиции, останатите седум отпаѓаат на развојни трошоци. Како ново будење на свеста за значењето на етикетата „Made in Germany“, половината од планираната инвестиција ќе им припадне на домашните фабрики во Инголштат и Некарсулм. Секако дека ќе се инвестира и во зголемување на глобалната производствена мрежа.

Како дел од најголемата инвестициска програма во историјата на марката, в година започнуваат и подготовките во фабриката во Некарсулм за производството на новата генерација на луксузниот модел Audi A8. Паралелно со зголемувањето на производствените капацитети ќе се одвива и зголемување на работниот персонал. Во последните 12 месеци, Audi вработи 3.000 лица во Германија, а за следниот период се најавуваат и нови вработувања. На глобално ниво, за марката Audi работат преку 80.000 лица, што исто така е рекордна бројка.
















