Само неколку часови по успешниот старт во новата сезона во Бундеслигата, фудбалерите на Баерн Минхен се подновија со нови модели на Audi. Најчест избор беше RS7 Sportback 4.0 TFSI.
Сезоната започна одлично за играчите и официјалните лица на фудбалскиот клуб Баерн Минхен. Штотуку ги освоија првите три бодови во новата сезона и веќе добија по еден нов Audi, како награда за победата над тимот на Волфсбург. „ФЦ Баерн е светски позната марка исто како Audi. Нас нé поврзува желбата за победа. Шампионот веќе со години се вози во нашите автомобили“, изјави Руперт Штадлер, првиот човек на Audi.
Седуммина фудбалери се решија за новиот RS 7 Sportback 4.0 TFSI, четворица го избраа Audi RS 6 Avant 4.0 TFSI. Светските шампиони Филип Лам, Мануел Ноер и Томас Милер, како и тренерот Пеп Гуариола се решија за спортскиот Avant. По официјалното предавање на новите службени автомобили, фудбалерите се препуштија на сесијата на пишување автограми, по што следуваше вториот значаен настан на денот: Учество на Audi driving experience. Поделени во три групи, фудбалските професионалци се снаоѓаа во најразлични ситуации во возењето на тест патеката во Нојбург. Играчите на Баерн Минхен ги покажаа своите возачки таленти во спортскиот Audi R8 под асистенција на искусните инструктори на Audi. На крајот следеше и испробување на способноста на погонот quattro на теренот во AudiA6 allroad quattro.
















