Audi ќе произведува струја на 160.000 метри квадратни под соларни панели

audi solarni paneli ungarija

На покривите на двата логистички центри на Audi во унгарскиот Ѓер ќе бидат поставени фотоволтаички панели со рекордна површина за објект. Моќноста ќе достигнува 12 мегавати. Системот ќе започне со работа в година

Во заеднички проект со компанијата за енергетика E.ON Hungaria, двата логистички објекти на Audi во Ѓер, Унгарија, ќе бидат покриени со фотоволтаички панели во површина од по 80.000 метри квадратни. Тоа ќе биде најголемиот систем од ваков вид во Европа, кој е поставен на објект.

E.ON ќе инсталира 35.000 соларни модули и ќе раководи со системот кој располага со капацитет за повеќе од 9,5 гигаватчасови енергија на годишно ниво. Тоа одговара на годишната потреба од енергија на 5.000 домаќинства. Audi планира до 2030 година сите свои фабрики да ги префрли на производство што е неутрално за животната средина. Моментно повеќе од 70% од топлинското снабдување во Ѓер се покрива од геотермална енергија.

https://photos.app.goo.gl/UC5ubTX976uWW8bC6

Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил

Seat произведува струја со 53.000 соларни панели

Соларни автомобили ќе возат 3.000 километри низ Австралија

Во Франција пуштен во употреба првиот соларен пат во светот

Патиштата во иднина ќе имаат соларни ќелии, сензори и грејачи

 

Претходна објаваБезбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes
Следна објаваНовите модели на Lamborghini ќе користат хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here