Audi TT: Специјална серија за половина милион примероци

Спортското купе на Audi достигна продукција од половина милион примероци. Во таа чест следува лимитирана серија Audi TTS competition во 500 примероци.

Специјалниот модел ќе биде достапен само во две бои, жолта и сива, и како дополителен знак на препознавање ќе поседува фиксен заден спојлер со алуминиумски финиш. Бандажите со пречник од 19 инчи имаат дизајн со пет краци и гуми со големина 255/35. Во внатрешноста на купе и родстер верзијата на TTS competition доминира кожата во сива боја, со карактеристични кожени ленти како украсен елемент и жолта боја на рабовите заради контраст. На вратите се поставени плочки со серискиот број на моделот.

Audi TTS Roadster competition

Спортскиот изглед го дополнуваат кожениот мултифункциски волан со подебел обрач и паркинг сензорите назад. Сите други делови од опремата, од ксенонските светла до приспособливата амортизација Audi magnetic ride се веќе дел од серискиот пакет во TTS. Доплатата за competition е прифатлива, 1.900 евра.

Audi TTS Roadster competition

Моторот е дволитарски TFSI со 272 КС, кој овозможува забрзување до 100 за 5,3 секунди во комбинација со шестстепениот S tronic. Со мануелен менувач, забрзувањето е 5,5 секунди.

Претходна објаваMercedes GLA: Теренец од А-класа
Следна објаваOpel Insignia ги има најштедливите мотори во класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here