Audi ќе претстави четири модели со новиот плагин-хибриден погон во Женева. Малку бројки се познати околу погонот, но затоа не се пропушта најважното: Батерии со џебни ќелии, реален досег над 40 километри и два часа полнење. Дополнително, секој хибриден модел ќе се нуди во две варијанти, комфорна и спортска
Најчесто спомнуваниот збор во деновиве пред отворањето на салонот во Женева е хибрид. Обично, во комбинација како плагин-хибрид или благ хибрид. Нема отстапка кај Audi. Марката со прстените ќе претстави хибридни изведби од моделите A8, A7 Sportback, A6 и Q5. Сите овие модели минуваат повеќе од 40 километри со полна батерија, според новата норма WLTP.
Не само еден хибриден модел, туку по два во секоја моделска серија. Едната моделска изведба комфорна, другата спортска
Во секоја од четирите моделски серии ќе може да се избира меѓу комфорна изведба и спортска изведба, со соодветен пакет S line, со поцврсто подвозје и погон со поголема поддршка на електромоторот при забрзување. Сите овие модели ќе ја носат ознаката TFSI e. За разлика од досега, ознаката e-tron понатаму ќе се користи само кај моделите со чисто електричен погон.
https://photos.app.goo.gl/nxUDns1Zs2JRM1v76
Досегот според реалната норма WLTP надминува 40 километри. Според Audi, погонскиот концепт е изведен за една третина од вообичаената дневна рута да се совлада чисто на струја. При изведувањето на системот за повраток на енергијата при сопирање се користени искуствата од Audi e-tron. При сопирање, плагин-хибридите на Audi постигнуваат поврат на моќност до 80 киловати.
Топлинска пумпа се грижи за ефикасна климатизација на кабината, без премногу црпење енергија од батеријата
Во лимузините со две срца се користат најсовремени батерии со таканаречени џебни ќелии, кои се состојат од осум модули. Капацитетот изнесува 14,1 kWh. Кај Q5 исто така се користи литиум-јон батерија, но со призматични ќелии, со истиот капацитет. Посебна топлинска пумпа се грижи за ефикасна климатизација на кабината и со топлината од 1 kW електрична енергија произведува до 3 kW грејна моќ.
Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра
A8 L TFSI–e користи осумстепен автоматик, кој понатаму испорачува моќ до постојаниот погон на сите тркала quattro. Во A7 и A6 со плагин-хибриден погон, разликата во споредба со знаменосецот е во тоа што електромоторот е вграден во седумстепениот менувач со двојна спојка. Двата модела се достапни во два различни степени на моќност. Истата погонска конфигурација работи и во Q5 PHEV. Полнењето на батеријата при користење на ѕидниот полнач од 7,2 kW трае два часа.
Природна струја од „електродистрибуција Volkswagen“
Возачите на новата генерација хибридни модели на Audi ќе можат да ја користат сопствената мрежа од полначи што производителот ја обезбеди за e-tron во засега 16 европски држави. Покрај тоа, за домашниот полнач може да се избере снабдување со еко-струја „Volkswagen Naturstrom“, којашто 100% потекнува од обновливи извори.
https://www.facebook.com/Automedia.mk/videos/995874820601935/
















