за

Audi RS7: Фејслифт на спортската машина

2. AUDI A7/S7/RS7, продадени примероци 5,965 (+31.2%)

По верзиите A7 и S7, сега и најсилната изведба на големиот Sportback се најде под ножот на хирурзите за убавина. Во моторот со 560 КС на купето со пет врати немаше што да се менува, новините се во изгледот.

Вообичаено за Audi, фејслифтот на големото купе со пет врати се препознава само во детали. Првиот знак дека се работи за освежената верзија на Sportbackсе поострите рабови на маската. Сериските диодни светла имаат нова графика, а дневните светла повеќе немаат толку брановидна форма. Како специјалист за иновативна техника на осветлување, со доплата може да се добијат и матрични светла, како и динамични трепкачи. Мали измени се забележуваат и во браниците. За посебен спортски печат стојат на располагање дури три различни пакети на спојлери, во матиран алуминиум, со сјајно црна боја или со изглед на карбон. Како заокружување на надворешното освежување доаѓаат задните светла со променета графика. Новитет се и четирите нови каросериски бои во понудата.

Зад воланот се забележуваат мали измени во инструментите, во отворите за воздух, во палките зад воланот, како и во амблемот quattro на таблата. Серискиот MMIplus доби нов и посилен графички процесор од Nvidia.

Под хаубата има промени кај моторот 4.0 TFSIV8, кој сега троши 9,5 литри, односно 0,3 литар помалку. Големиот осумцилиндарец го катапултира RS7 за 3,9 секунди до сто и не престанува да влече до 280, односно 305 km/h – последново со опционалните пакети за динамика. Специјалитет останува пневматската амортизација RSadaptiveair, со која каросеријата се спушта за 20 милиметри. Со доплата е достапно и спортско подвозје со динамична контрола на возење DRC, како и динамично управување, со променлив преносен однос. Испораката на RS7 стартува во јули, а цената на германскиот пазар изнесува 113.300 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дијагностика на автомобилот преку мобилен телефон

Rolls-Royce размислува за дополнителен модел во понудата