Audi RS3 Sportback: Рели во приватна режија

Новиот RS3 го презема тронот. Никој компакт нема повеќе КС од него. Со петцилиндарец со длабок бас, турбонатполнење и погон на сите тркала, овој Audi вози во најдобрата рели-традиција на марката.

Моделската серија на A3 пред четири години за првпат беше крунисана со врвен модел од Quattro GmbH. Кога Audi го претстави RS3 Sportback во пролетта во 2011-та, компактот беше веќе пред крајот на моделскиот век. Модел RS воопшто не беше планиран во гамата на А3. Тркачот беше подготвен во најбрз можен рок и Audi воопшто не погреши. Спортскиот компакт со 340 КС ги надмина сите очекувања со продадените 5.300 примероци.

Автомобилот имаше многу недовршени работи. Издувот, на пример, место да води низ два одвоени система како што е вообичаено кај брзите модели на Audi, мораше да се спроведе само од едната страна на возилото. Простор за подобрување имаше и во „фините детали“ во возните својства. Иако беше нагласено спортски модел, RS3 не можеше да се доведе во странично лизгање, во дрифт. Тимот на главниот техничар Штефан Рајл овојпат имаше повеќе време за работа. Дополнителен предизвик беше и тоа што A45 AMG се замеша во доменот што отсекогаш им припаѓал на Баварците.

Во RS3 работи најсилната изведба на петцилиндрецот на Audi со 367 КС - врв во компакт класата
Во RS3 работи најсилната изведба на петцилиндрецот на Audi со 367 КС – врв во компакт класата

Новиот RS3 Sportback е подобрен во сите полиња, а особено покрај фактот што компактот на Audi сега се базира на модуларната платформа на Volkswagen и значително е полесен во споредба со претходникот. Тркачот е олеснет за 55 килограми, на 1.595 килограми. Оваа тежина е детска игра за машината под хаубата. RS3 работи со 2,5-литарскиот петцилиндарец, поткрепен со 3К турбополнач. Со овој класичен број на цилиндри за тркачките модели на куќата, RS3 се надоврзува на најдобрата традиција на рели возилата на Audi од 1980-те години, вклучувајќи го и карактеристичниот звук на петте цилиндри. Звучното доживување е облагородено дополнително во спортскиот модус, со меѓугаста при префрлувањето на степените,.

Максималниот вртежен момент од 465 њутнметри се испорачува во континуитет од 1.625 до 5.550 вртежи. Моторот има 367 КС што е за 27 КС повеќе отколку досега и оваа моќност стои на располагање од 5.550 до 6.800 вртежи, така што максималниот вртежен момент и максималната моќност се надоврзуваат совршено.

Перформанси како ексклузивно спортско купе: 4,3 секунди до 100 и темпо 280

Единствен менувач што може да го издржи масивниот вртежен момент е седумстепениот менувач со двојна спојка DQ500. Со комбинацијата од моќност и погон на сите тркала, RS3 Sportback се катапултира до сто за 4,3 секунди. Со посебна доплата, техничарите на Audi ќе го отстранат брзинското огранучување на 250 km/h и е го ослободат степенот до 280 km/h. Со овие вредности, компактната семејна комбилимузина им се придружува на расните спортски купеа. Потрошувачката од 8,1 литри е пониска за еден литар отколку кај претходникот.

Audi сериски вградува гуми со димензија 235/35 R19 Y, а со доплата се достапни и гуми 255/30 R19 Y – за предните тркала. Ова е мошне необична комбинација, затоа што пошироките гуми обично се вградуваат назад, но на тој начин RS3 постигнува уште поголема агилност и динамика во свијоците. Пресуден фактор претставува и електронски регулираниот погон на сите тркала, којшто во зависност од условите може буквално за миг да пренесе до 100% од вртежниот момент до задната оска.

Само во RS3 во класата се достапни карбон керамички сопирачки
Само во RS3 во класата се достапни карбон керамички сопирачки

На тој начин возачот е во можност да провоцира надуправување и попречно лизгање контролирано преку педалот за гас. За интелигенцијата на погонот да го дозволи тоа е потребно контролата на стабилноста да е префрлена во спортски модус или дури целосно да се исклучи. Кому стандардните спортски сопирачки му се недоволни, може да ги избере карбон-керамичките сопирачки – за првпат во компактниот сегмент. Со опционалната електронска амортизација, RS3 се претвора од рели тркач во комфорна лимузина за крстосување на подолги релации.

Стилските промени во споредба со А3 се значителни. Каросеријата е за 2,5 сантиметри пониско до земјата, а предниот дел изгледа динамично со огромните отвори за воздух и впечатливиот сплитер во предниот браник. Секако дека и крилата се пошироки во однос на стандардниот модел. Со доплата се добвива стилски пакет со детали во сјајна црна боја или алуминиумски пакет, препознатлив по дводелната предна маска. Како што е ред, во опашот доминира дводелен издувен систем.

Mercedes сигурно нема да остане нем на оваа провокација и во претстојното моделско освежување ќе му додаде уште неколку КС на A45 AMG, којшто досега го држеше приматот во компакт класата со 360 КС. Наскоро пристига конкуренција и од сопствените редови. Volkswagen ќе изработи мала серија од Golf R со моќност од 400 КС. Но, ниту кај RS3 Sportback не се целосно искористени потенцијалите. Битката продолжува, Audi засега ја води.

 

Технички податоци · Audi RS3 Sportback

Должина x ширина x висина (m): 4,34 x 1,80 x 1,41

Меѓуоскино растојание (m): 2,63

Мотор: R5-бензински, 1991 ccm, турбо, директно впрскување

Моќност 270 kW / 367 КС при 5550 – 6800 /min

Вртежен момент 465 Nm при 1625 – 5550 /min

Крајна брзина: 250 или 280 km/h (електронски ограничена)

Забрзување 0 – 100 km/h: 4,3 s.

Просечна потрошувачка: 8,1 L

Емисија на CO2: 189 g/km

Тежина / Носивост: 1595 kg / 425 kg

Багажник: 280 – 1120 L

Бандажи / гуми: 8,0 J x 19 / 235/35 R 19

Цена во Германија: околу 51.000 евра

Претходна објаваЗошто голем теренец кога може да биде Cross Up!
Следна објаваSubaru е најпотценетата автомобилска марка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here