
Главниот центар на Audi во Некарсулм во следните три денови ќе има нова ѕвезда, новата генерација на суперспортскиот R8, којшто неодамна доживеа светска премиера на салонот во Женева.
Посетителите во „домот“ на Audi R8 во германскиот град Некарсулм, во следните три денови ќе можат одблизу да ја погледнат втората генерација на суперспортското купе на марката, Audi R8. Примерокот е во најсилната верзија на моторот V10, со „Вегас жолта“ боја на каросеријата и изложен е во ексклузивното студио на Audi Forum.
[quote_box_left]Врвната моделска изведба вози со верзијата со 610 КС од моторот V10 со работна зафатнина од 5,2 литри. Забрзувањето до сто трае 3,2 секунди, крајната брзина е 330 km/h. Купето е околу 50 килограми полесно од претходникот. Цената на топ-моделот R8 V10 plus во Германија изнесува 187.400 евра[/quote_box_left]
Новиот Audi R8 постигна значителен напредок во перформансите во споредба со претходникот, преку тесна соработка меѓу инженерите во мотоспортот, тркачите и конструкторите. R8 V10 plus е најсилниот и најбрз сериски модел на Audi во историјата. Спортскиот автомобил се произведува во индустриската зона Белингер Хефе, којашто е оддалечена околу шест километри од Некарсулм, а во производството се користи исклучиво мануфактурен процес. Продажбата на новиот Audi R8 стартува в лето.















