Финскиот пазар за електрични автомобили се вбројува меѓу најбрзо растечките во Европа, со вкупно продадени 146 електрични и плагин-хибридни возила до септември. Тоа е двојно повеќе отколку лани. Големо изненадување е лидерското место во продажбата за луксузниот плагин-хибрид Audi Q7.
Престижниот теренец со плагин-хибриден погон Audi Q7 e-Tron е најголемото изненадување на финскиот пазар, кој со 20 продадени примероци само во септември изненадувачки изби на првото место во продажбата непосредно по стартот на комерцијализацијата. По него следат Volvo XC90 Twin Power со 17 примероци и Volkswagen Passat GTE со 16 примероци.
Според продажбата од јануари до септември, лидер на финскиот пазар на електрични автомобили е Volvo XC90 Twin Power со 211 примероци, пред Volkswagen Pasat GTE со 101 и BMW X5 40e со 77 примероци.
За расположеноста на финските возачи да избираат електричен модел во премиум сегментот говорат и продажбите на Tesla Model X, со 14 продадени возила во септември, исто како и на Mercedes GLC 350e, со девет продадени примероци.
















