за

Audi ги менува ознаките на своите модели

Електричните автомобили на премиум марката на концернот Volkswagen ќе носат моделска ознака со парни броеви, додека моделите со обичен погон ќе имаат непарни броеви.

Audi го менува начинот на којшто ги означува моделите во својата понуда. Целта е да се воведе јасна разлика меѓу моделите со целосно електричен погон и моделите со мотор со внатрешно согорување. Тоа го најави шефот Маркус Дисман, пред претстојната офанзива со електрични модели.

Парните броеви ќе се користат само за моделите со целосно електричен погон, додека непарните броеви ќе бидат обележје на моделите со мотор со внатрешно согорување, вклучувајќи ги моделите со хибриден погон. Тоа пред новинарите го изјави извршниот директор Маркус Дусман, за време на годишната конференција за медиуми на Audi. Новината уште претходно ја објави германскиот дневник „Хајлбронер Штиме“.

„Го прошируваме нашето моделско портфолио со нови модели со електричен погон и поради тоа воведуваме нова структура во начинот на означување,“ објаснува Дусман.

Првиот модел на Audi со целосно електричен погон беше E-tron, голем СУВ што почна да се продава во 2019 година. Баварците го имаат во понуда и E-tron GT, спортска купе-лимузина од висока класа.

Audi ќе додаде основен модел со елелтричен погон во големата електро-офанзива, најавува извршниот директор Дусман

Постоечкиот алфанумерички начин на означување на моделите не прави разлика меѓу погонот. Гамата почнува со градскиот модел A1 и досега до лимузината A8, до престижниот СУВ-модел Q8 и до суперспортскиот R8.

Германските ривали Mercedes-Benz и BMW и имаат сопствен начин на означување на своите електрични модели. Mercedes ги разликува своите модели со погон на струја по тоа што додава EQ пред буквата за моделската серија на којашто ѝ припаѓа автомобилот, додека BMW додава i.

Mercedes планира веќе од следната година да престане своите електрични модели да ги оначува со EQ, пишуваат германските медиуми.

Audi веќе почна да ги применува новите ознаки. E-tron, којшто имаше моделско освежување во почетокот на годината, сега се води под ознаката Q8 E-tron. Следниот целосно електричен автомобил на Audi ќе биде СУВ-модел од вишата класа и ќе носи ознака Q6 E-tron SUV. Дусман не наведе дали и E-tron GT ќе добие нова ознака.

Според медиумските написи, моделските серии со мотор со внатрешно согорување A4 и A6 ќе бидат преименувани во A5 и A7.

Тековните моделски серии A5 и A7 нема да добијат директни наследници со мотор со внатрешно согорување, поради што нема потреба за нивнат аознака да се менува со A4, односно A6.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota подготвува неколку големи изненадувања во својата понуда

Лабораторијата за безбедност на Mercedes-Benz пред 50 години