Audi нуди шестпати побрз интернет во своите модели

Интернетот оди бавно во автомобилите. Со новиот стандард LTE, односно 4G, долгото вчитување или прекините во преносот ќе станат дел од минатото. Audi реагира прв.

Отсега брзината ќе биде одлика не само на моделите на Audi, туку и на интернетот во неговите модели. Новата техника го користи стандардот на мобилна телефонија LTE, како кратенка од Long Term Evolution, познат и како 4G, кој што постигнува шестпати поголема брзина на пренос од досега расположливите мрежи GSM или UMTS. Прв модел со брзиот интернет ќе биде Audi S3 Sportback, чија што продажба веќе стартуваше, а во ноември ќе следуваат и другите модели во гамата на компактот.

Google Earth со сите вклучени функции во LTE. Новиот стандард е шестпати побрз од мрежата GSM или UMTS
Google Earth со сите вклучени функции во LTE. Новиот стандард е шестпати побрз од мрежата GSM или UMTS

Техниката LTE е усовршување на 3G кој досега се нудеше во Audi. За користење на брзиот интернет соодветно треба и да се плати. За тоа се потребни поскапата верзија на навигацискиот уред, кој е достапен само во повисоките нивоа на опрема и во ценовникот фигурира со 2.725 евра, како и дополнителен пакет на опрема Connect, проценет на 500 евра. Дополнително треба да се плати и претплатата за LTE.

Најголемата предност во споредба со досегашната техника 3G е во брзината, која што достигнува до 100 мегабити во секунда. Тоа овозможува видео стриминг без прекини, исто како и видеоконференции. Ако се вгради уште WLAN-Hotspot, патниците исто така ќе можат да се приклучат на мрежата LTE со нивните мобилни телефони.

Audi тврди дека е прв производител што ја вградува тхениката во своите возила. BMW нуди различен систем. Кај нив може само да се нарача монтажа на модул LTE во кокпитот, со што се овозможува WLAN-Hotspot во возилото. За тоа се потребни 600 евра, плус претплата за мобилен.

Претходна објаваRange Rover се осилува со 550 КС
Следна објаваЕлектричниот BMW доживеа премиера во Њујорк, Лондон и Пекинг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here