Audi ќе инвестира 24 милијарди евра до 2019 година

Во следните четири години марката од Инголштат ќе инвестира рекордна сума во инфраструктура и развој на нови модели. Во план се и десет комплетно нови модели.

Audi планира инвестиција од 24 милијарди евра до 2019 година, што е за две милијарди повеќе отколку во претходното четирилетие. Седумнаесет милијарди евра се наменети за материјални инвестиции, останатите седум отпаѓаат на развојни трошоци. Како ново будење на свеста за значењето на етикетата „Made in Germany“, половината од планираната инвестиција ќе им припадне на домашните фабрики во Инголштат и Некарсулм. Секако дека ќе се инвестира и во зголемување на глобалната производствена мрежа.

За 2016 година е потврден стартот на кросоверот Q1 на база на A1
За 2016 година е потврден стартот на кросоверот Q1 на база на A1
До 2020 година ќе бидат претставени дури десет комплетно нови модели, со што понудата ќе се зголеми на 60 модели. Со новите модели ќе се цели првенствено на компакт класата и на средната класа, што значи дека ќе следуваат нови деривати на Audi A3 и Audi A4. Зголемување на понудата е предвидено и во семејството модели Q. Во 2016 година ќе стартува производството на Audi Q1 во Инголштат.

Како дел од најголемата инвестициска програма во историјата на марката, в година започнуваат и подготовките во фабриката во Некарсулм за производството на новата генерација на луксузниот модел Audi A8. Паралелно со зголемувањето на производствените капацитети ќе се одвива и зголемување на работниот персонал. Во последните 12 месеци, Audi вработи 3.000 лица во Германија, а за следниот период се најавуваат и нови вработувања. На глобално ниво, за марката Audi работат преку 80.000 лица, што исто така е рекордна бројка.

Претходна објаваKodak ќе претстави паметен телефон на CES
Следна објаваPorsche 959 за еден милион долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here