за

Audi се откажува од електричните верзии на A1 и A8

Во последните години Audi интензивно работеше на моделите e-tron. Новиот шеф за развој смета дека овие електрични возила се прескапи и ги сведува плановите на само еден модел.

Веднаш по заменувањето на шефовското место од Porsche во Audi, Волфганг Дирхајмер ги прекрои плановите за идните електрични возила на марката. Специјалистот за техника смета дека Audi „мора да заработува од секој автомобил“ и ги откажа A1 e-tron, електричното возило со помошен бензински мотор, како и суперспортскиот R8 со погон само на батерии. Цената на батериите им пресуди на обата модела кои достигнаа висока зрелост за сериско производство. Дирхајмер: „Потребна ни е пресвртница во батериската технологија, а тоа моментно не е на повидок.“

Баварската марка се ориентира како и целиот концерн Volkswagen, односно ќе развива хибридни модели со полнење на струја, кои користат значително помали, а со тоа и поевтини батерии. Како единствен модел со погон на струја останува A3 e-tron, со истата погонска техника како E-Golf кој што од следната година ќе стартува со редовна продажба.

Во електричниот A3 соработуваат 1,4-литарски бензинец и електромотор. Системската моќ изнесува 204 КС, вртежниот момент до 350 њутнметри. Литиум јонската батерија е поставена пред задната оска и испорачува енергија за 50 километри возење на струја. Во првите сто километри, компактниот e-tron троши 1,5 литар гориво. Цената на моделот уште не се објавува, но се спомнуваат бројки околу 40.000 евра.

Кон крајот на годината ќе стартува уште еден модел кој е интересен само за матичниот пазар. Станува збор за A3 g-tron, кој користи обичен бензинец од 1,4 литар, но во него согорува Audi e-gas, односно погонско гориво кое што го произведува самиот Audi од вештачка база и без емисија на СО2. Цената на овој модел во Германија ќе изнесува околу 25.900 евра, односно исто колку модел со дизелски мотор со слична моќност. Со два резервоара за гас и бензин, g-tron ќе може да вози до 1.300 километри со едно полнење гориво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Сопствениците на Jaguar се најзадоволни од своите возила

Во Лондон е хит изнајмувањето возила на улица