Audi подготвува спортска верзија SQ2 од новиот кросовер

Најмалечкиот кросовер на Audi уште не стартувал со продажба, а веќе се шират гласини дека во Инголштат се подготвува екстремна спортска изведба SQ2 со над 300 КС и погон од S3.

Audi ја негува практиката секој кросовер или теренец во семејството Q да го придружи со спортска верзија S или RS во режија на quattro GmbH. Тука стои на располагање цела серија спортисти, почнувајќи од екстремните RS Q3 со 340 КС и RS Q3 performance со 367 КС, преку SQ5 TDI со 340 КС, до SQ7 TDI со најсилниот дизел мотор во серија, со 435 КС. Најмалечкиот кросовер Q2 заостанува во тој поглед, со понуда на мотори што стартува од 115 КС и еднолитарски TSI и дизел со 190 КС како врв во понудата. Но, нема да остане на тоа.

Audi Q2Сé поизвесно е дека во гамата на овој модел ќе се појави брза верзија SQ2 и тоа со погонот од Audi S3. Дволитарецот со турбонатполнење и 310 КС, во комбинација со погон на сите тркала, ќе заврши одлична работа во кросоверот со стил што копнее по спортска верзија. Во изведбата со пет врати S3 Sportback, овој мотор успева да го забрза возилото за 5,3 секунди до сто километри на час. Покомпактниот Q2 сигурно би успеал да скуси уште некоја десетинка од ова време.

Претходна објава(Видео) Како Renault го претвори Clio во бесно автомобилче
Следна објаваСекој нов Nissan мора да мине низ „машина за садови“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here