Audi започна со производство на автомобили во фабриката во Куритиба. Ова е прва од тринаесетте фабрики на Audi во Јужна Америка. Производството стартува со лимузинската изведба на моделот A3.
Во Куритиба, во бразилската сојузна држава Парана, започна со производство првата фабрика на Audi на јужноамериканскиот континент. Бернд Мартенс, шеф за набавки во Audi, изјави по тој повод: „Гледаме голем потенцијал на бразилскиот пазар. Нашата цел е долгорочно да ја зацврстиме нашата водечка позиција во премиум сегментот.“ Во тринаесеттата фабрика во интернационалниот синџир на Audi ќе се произведува лимузинската изведба на компактниот модел Audi A3, а наскоро ќе стартува и компактниот теренец Audi Q3. Компонентите за овие возила во поголемиот дел ќе бидат набавувани од локални добавувачи, што дополнително ќе придонесе за поттикнување на економијата во земјата.
[quote_box_right]Моделот за бразилскиот пазар е специфичен по тоа што е прв модел на Audi задвижуван со мотор Flexfuel, кој може да користи бензин, етанол или обете погонски горива заедно. Бразил уште од 1970-те години се преориентира на алкохолот како погонско гориво и повеќе од половина од возниот парк отпаѓа на возила што го користат ова гориво. Во 2012 година, во земјата се произведени 2,7 милиони возила автомобили и 800.000 мотоцикли со погон на етанол. Преку 90 проценти од новорегистрираните возила во Бразил поседуваат мотор flexfuel.[/quote_box_right]
Локално произведуваниот Audi A3 Limousine 1.4 TFSI Flex е прв модел на Audi со мотор Flexfuel, кој користи бензин, етанол или обете горива заедно. Бразил е најголем пазар за возила со мотор Flexfuel во светот. Преку 90 проценти од новорегистрираните возила ја поседуваат оваа технологија. Првите примероци од A3 1.4 TFSI Flex ќе им бидат испорачани на купувачите веќе во ноември.
Во почетокот на 2016 година, во Куритиба ќе следува и стартот на производството на компактниот спортски теренец Audi Q3. Откако лимузинската изведба на A3 се појави на бразилскиот пазар во 2014 година, Audi ја удвои продажбата во земјата и во моментов е пазарен предводник во сегментот.
Бразилската фабрика е продолжение на глобалната експанзија на Audi. Веќе во следната година ќе биде отворена и фабриката на Audi во Сан Хозе Чиапа, во Мексико.
















