Aston Martin подготвува конкурентски модел на Tesla

Можниот електричен модел на Aston Martin би ги користел дизајнерските и концепциски идеи од студијата DBX од салонот во Женева

Престижната марка од Британија работи на електрична верзија на моделот Rapide, со којашто Aston Martin ќе му се спротивстави директно на Tesla Model S.

Четири врати, четири комфорни седишта и перформанси што предизвикуваат солзите да се слеваат наназад – во сегментот на автомобили со погон на струја, оваа комбинација досега ја нуди единствено Tesla Model S. Иднината ќе покаже колку е погодена оваа комбинација, затоа што марката уште нема заработено ниту едно евро. Но, акциите растат вртоглаво.

Сега и Aston Martin сака да загризе од овој колач. Англичаните во моментов работат под полна пареа на Rapide со погон на струја, барем такви се гласините. Благородната марка од островот уште нема излезено со официјално соопштение во тој поглед. Гласините почнаа откако шефот Енди Палмер даде интервју за магазинот „Кар енд Драјвер“. Тој изјави во интервјуто дека не сака да биде човекот што ќе го отстрани 12-цилиндарскиот мотор од понудата на Aston Martin. Но, заради исполнување на строгите еколошки норми, Палмер ќе мора да го направи токму тоа, или пак, ќе мора да се воведе модел со ниска или нулта емисија на штетни материи.

[quote_box_right]Aston Martin доби и 9,5 милиони евра од фондот за развој на британската влада, коишто марката треба да ги искористи за проширување на понудата на модели и освојување на извозните пазари.[/quote_box_right]

Aston Martin веќе го прикажа можниот автомобил, во форма на студијата DBX од Женева, како GT-модел со две врати и со електромотори во главите на тркалата. Иднината на марката на Џејмс Бонд продолжува во насока на големи, скапи и моќни автомобили. Во арапските земји не снемува купувачи за овие автомобили, а Кинезите исто така почнуваат да се интересираат за нив. Погонот на струја е добар за имиџот и токму поради тоа е сосема извесно дека Aston Martin за кусо време ќе излезе со електричен автомобил, со стандарден погон со електромотор, место со електромотори во тркалата.

 

Претходна објаваВелосипедот на BMW речиси вози сам
Следна објаваАмерикански автомобили во освојувачки поход на Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here