Британската култна марка смисли нов начин како да ги фати потенцијалните клиенти на ексклузивност. Само купувачи што ќе ги избере Aston Martin ќе можат да ја добијат идната Lagonda. Ако сакаат.
Aston Martin планира идната лимузина со традициското име Lagonda да ја продава исклучиво по покана. Тоа меѓу другото значи дека ниту еден примерок од ексклузивната лимузина нема да се појави во салоните на марката. Aston Martin ќе ги испрати првите покани до купувачи на Блискиот Исток, каде што се очекува особено голем интерес за новата Lagonda. Цената не се објавува, но таа сигурно нема да биде ограничувачки фактор за овие купувачи. Британците само мудро наведуваат дека „цената соодветствува со ексклузивноста, квалитетот и луксузот на возилото.“ Половина милион евра се сосема реални. Под хаубата ќе работи мотор V12 со зафатнина од шест литри и моќност до 573 КС, со когошто ексклузивната лимузина ќе постигнува брзина од преку 300 километри на час.
















