Швајцарскиот салон е местото каде што ќе доживее премиера специјалната моделска серија на Aston Martin Vantage. Моделот N430 има повеќе боја и повеќе КС од стандардниот модел – и чини повеќе.
Благородната марка од Британија нема да донесе нов модел на салонот во Женева. Место тоа, интересот на публиката ќе го привлекува специјалната серија од моделот V8 Vantage, со име N430, што се разликува од стандардната верзија по моќноста и по неколките каросериски додатоци во контрастна боја. Осумцилиндарскиот мотор од 4,7 литри во N430 има 436 КС место 426 КС, што му дава на ексклузивното купе енергија да забрза за 4,8 секунди до 100, но и да продолжи до 305 km/h. Посебниот модел се нуди во купе и во кабриолет изведба.

Купувачот може да избере некои детали на каросеријата да бидат лакирани во контрастна боја, односно во жолта или црвена боја. Тоа се однесува на рамката на предната маска, на сопирачките клешти, на куќиштата на ретровизорите и на лакот под покривот, како и на долната половина на задниот дифузор. Предните светла и прозорците се дополнително затемнети.
Со доплата се добива секвенцијален менувач Sportshift II со седум степени на пренос, како замена за стандардниот шестстепен менувач. Специјалните седишта што во дел се изработени од карбон и кевлар, како и специјалните бандажи го олеснуваат возилото за 20 килограми.
Внатрешноста е облагородена со украсни детали од карбон, со плочка со изгравирано име на моделската серија и со скапо озвучување од Bang & Olufsen.
















