за

Aston Martin повикува 17.590 возила во сервис

Поради имитацијата што ја користел добавувачот од Кина, престижната марка мора да ги повика во сервис речиси сите возила произведени од 2008 година наваму.

Брзата марка од островот мора да интервенира кај 75 проценти од нејзините возила што се произведени во периодот од 2008 година до денес. Проблемот се однесува на пластичниот одливок во педалот за гас кој што може да се скрши поради неквалитетен материјал. Досега не се забележани незгоди предизвикани од дефект на делот.

Кинескиот добавувач Shenzhen користел имитација на пластиката од DuPont за механизмот на педалот. Повикот се однесува на сите модели со исклучок на Vanquish, Vanquish Volante и Cygnet. Сервисната интервенција трае помалку од еден час. Aston Martin веќе планира во најкус рок да го пресели производството на одливката за механизмот на педалот за гас од Кина во Велика Британија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Civic со новитети во моделското годиште 2014

Кога парите не се проблем Porsche позлатува