Водородот е гориво на иднината, производителите се сложни во тоа. За водородот се потребни горивни ќелии, но Aston Martin верува дека и обичен мотор ќе биде во предност ако согорува водород. Мора да верува, затоа што тркачкиот болид за 24 Часа Нирбургринг ќе гори водород во дванаесетцилиндарскиот мотор.
Основа на тркачкото возило е штотуку освежениот модел Rapid S. Во соработка со специјалистите од Alset Global, инженерите на марката на Џејмс Бонд го преработеа дванаесетцилиндарскиот мотор од 6,0 литри со Twin Turbo за тој да може да согорува бензин, водород или комбинација од нив. Возачот избира сам какво гориво ќе користи во моментот.
Водородот е сместен во четири резервоари од карбон, од кои секој собира по 3,5 килограми од течнто гориво. Два резервоара се покрај возачот, два се во багажникот. Aston Martin има намера да докаже дека може да извози еден круг во тркачко темпо на 22километарската патека во Нирбургринг без каква било штетна емисија.
Точната моќност на преработениот мотор е непозната, но поради тоа што енергетската густина на водородот по метар кубен гас е пониска отколку на бензинот, моторите со внатрешно согорување ослободуваат пониска моќност при работа на водород отколку со бензин. Стандардниот Rapid S вози најбрзо 305 километри на час.