Здружението Арно одржува бесплатна работилница „GOOGLE MAPS ЗА ПОЧЕТНИЦИ“

Здружението АРНО со големо задоволство го одбележува својот 13-ти роденден, продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните.

Здружението за социјални иновации "АРНО" одбежува 13-годишнина, работилницата за Гугл Мапи е дел од активностите во таа чест

(Соопштение за медиуми) Како дел од роденденските активности и во рамките на проектот DigiCitizenEdu, АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“.

Настанот е закажан за понеделник- 27.07.2026 година, со почеток во 12:00 часот (во времетраење од 40 минути, до 12:40 часот), а ќе се одржи виртуелно преку платформата Zoom.

Работилницата е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат секојдневната дигитална ориентација, да научат како полесно да се снаоѓаат во урбаната средина, да ја пронајдат најблиската аптека или продавница, да ги разберат тековните информации за сообраќајот и гужвите преку боите на мапата, како и да прават посложено планирање со додавање попатни точки.

Во врска со оваа симболична одлука за роденденот, основачката и претседателка на АРНО, Ирина Јаневска, сподели: „2026-та година почна тешко за АРНО, во еден момент ќе изгубевме правец, но со многу верба, труд и добри координати остануваме да постоиме на мапата во граѓанскиот сектор. И така, знаејќи колку е важно да се има смер и добар совет, се одлучивме да подариме една бесплатна работилница за користење на Google Maps. На работилницата може да се пријават сите граѓани.“

Пријавувањето е отворено, а сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на пријавата на овој линк https://forms.gle/yw4WVJtwiNns8jVt6

Претходна објаваШаопенг ќе го напаѓа европскиот пазар со хибриди, нема царини за нив
Следна објаваБМВ не оди во Париз, директорот Недељковиќ ги скусува трошоците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here