Apple ќе соработува со Volvo и Ferrari

Возачите во иднина ќе можат во своите автомобили да ги користат уредите и услугите на Apple за навигација, за музика и за добивање текстуални пораки.

Американскиот концерн Apple е на чекор поблиску до спојувањето на неговите уреди и услуги со автомобилите. Први марки што ќе го користат софтверот на Apple се Mercedes, Volvo и Ferrari. Во моделите на овие марки во иднина ќе бидат достапни навигациските карти на Apple, ќе може да се слуша музика и да се користи говорниот сервис Siri.

Новата соработка ќе се најави на салонот во Женева

Соработката со Apple ќе се објави во следната недела на салонот на автомобили во Женева. Apple уште во минатото лето ги претстави своите планови за понапредно поврзување на неговиот iPhone и на софтверот во автомобилите. Ривалската платформа за паметни телефони Android од Google исто така ги откри автомобилите како ново подрачје за работа. Интернет концернот во почетокот на годинава најави соработка со производителите на автомобили, меѓу кои се спомнува и името на Audi.

Претходна објаваМакедонија на дното на регионот во продажбата на нови автомобили
Следна објаваНова генерација на BMW X1 доаѓа во 2015 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here