за

Некои автомобили пливаат: Amphicar 770 е првиот амфибиски автомобил

Во музејот во Аутоштат, автомобилскиот град на Volkswagen во Волфсбург, збирката брои 260 возила од преку 60 марки. Деновиве е главен првиот автомобил што научи да плива.

Една од атракциите во автомобилскиот музеј во Волфсбург, што посебно привлекува внимание додека се вжештуваат деновите и ноќите, секако дека е Amphicar 770. Неговото производство започна во 1961 година. Тоа е првиот цивилен амфибиски автомобил што е произведен во поголема серија.

Германскиот конструктор Ханс Трипел го конструирал првиот автомобил што плови уште во 1930-те години. Две децении подоцна, Трипел успеал да ги убеди директорите на групацијата Quandt, да произведуваат амфибиски автомобил за цивилна примена. Во есента 1961 година, во фабриките на групацијата Quandt во Либек и во Берлин, во коишто се произведувале железнички вагони, почнало и производството на Amphicar.

Четирицилиндарскиот мотор потекнува од англискиот производител Triumph Herald и од зафатнина од 1,2 литар постигнува моќност од 38 КС. На асфалт, возилото постигнува 105 km/h, а кога возилото е во вода, моторот е доволно да постигне брзина од 12 km/h. Кабриолетот со четири седишта не наиде на голема прифатеност меѓу германските возачи. Тоа не се смени, ниту откако по две години од стартот на производството, беше спуштена цената од 10.500 DM на 8.385 DM.

Причината за слабата заинтересираност беше во тоа што германските закони бараа дозвола за управување со глисер. Исто беа проблем и слабите возните својства, како и несекојдневниот дизајн. Затоа, пак, најголемиот број од вкупно 3.878 возила, произведени до 1968 година, се испорачани во САД. Денес, Amphicar од другата страна на океанот ужива култен статус.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Шведски електричен глисер лета над вода

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобили што управуваат сами направиле 400 судири во САД

Volvo со нови шефови, Швеѓаните сакаат да бидат пример за иднината