за

Автомобили што управуваат сами направиле 400 судири во САД

Американската агенција за безбедност во сообраќајот регистрирала 400 судири со самостојно управувани возила во последните 10 месеци. Најчесто се судира Tesla.

За време од десет месеци, производителите на автомобили во САД, што тестираат технологија за автономно возење, пријавиле близу 400 судири со возила што целосно или делумно управуваат самостојно.

Агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД побара производителите на автомобили да ѝ достават податоци за судирите, што во периодот од јули минатата година до средината на мај годинава, биле предизвикани или во нив учествувале возила со технологија за автономно управување. Пристигнале близу 400 пријави за незгоди.

Според статистиката, најмногу судири имаат возилата на Tesla. Концернот со електричните автомобили пријавил 273 случаи, во коишто се движеле возила со вклучен автопилот или слични системи, што ги контролираат брзината и управувањето. Втора е Honda, со 90 судири. Subaru навел десет такви случаи, додека останатите производители имаат по пет или помалку судири.

Студијата не укажува на тоа дека возилаата од одреден производител почесто предизвикуваат или учествуваат во незгоди, затоа што не е земен предвид бројот на возила од таа марка што се движат во сообраќај со технологија за самостојно возење. Ова е првпат, Агенцијата да располага со податоци што веродостојно ја прикажуваат состојбата со безбедноста на автономните возила.

Автомобил со вештачка интелигенција против американски полицајци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Французите потсетуваат на премиерата на Peugeot 408 на 22-ри јуни

Некои автомобили пливаат: Amphicar 770 е првиот амфибиски автомобил