за

Французите потсетуваат на премиерата на Peugeot 408 на 22-ри јуни

Со точно дозирано откривање на највозбудливите детали од кароериската форма, Peugeot 408 е многу блиску до премиерата.

Помалку од една седмица останува до моментот кога Французите ќе го прикажат купе-СУВ моделот Peugeot 408, со техниката и со стилот од новиот 308. Сцената очекува многу, се присетува и на Peugeot 406 Coupe.

На посебен настан на 22-ри јуни ќе биде прикажан новиот модел Peugeot 408, купе-СУВ што ја користи техниката од Peugeot 308, но и стилот од компактот што и самиот привлекува огромно внимание на сцената. По премиерата ќе продолжи интензивното тестирање, со цел моделот да се подготви за стартот на производството во текот на есента.

Се тестира и на патишта и на тркачки патеки, во лабораторија и на тест-рампи, на коишто техниката, и воопшто секој дел од возилото се изложува на крајни напрегања. Сето тоа се прави со цел да се постигне беспрекорен квалитет уште од првиот примерок што ќе излезе од производствената лента.

Завршната фаза од тестирањето започна уште пред повеќе од една година, кога во рамките на т.н. Internal Validation Plan (IVP) беше подложен на тестирање секој дел и секој склоп од идниот Peugeot 408

Новиот модел во гамата на марката со лавот извозе десетици илјади километри во екстремни тестирања, во екстремна камуфлажа. На бројни фотографии од „карпараците“, долго време можеше само да се нагаѓа дека станува збор за Peugeot. Посебното маскирање е делотворно во тоа што ја изобличува претставата и тешко може да се насети вистинската форма.

Peugeot открива убедлив податок, за 1.100.000 километри што се извозени со прототипите на идниот Peugeot 408 во сите услови на возење, на сите видови патишта и во секакви временски услови. Итинерерот за тестирање вклучува и возење по земја, по екстремен студ и пустинска жега, дење и ноќе. Техничарите посочуваат дека еден километар возење во екстремни услови одговара на триесетина километри возење во секојдневни услови.

New item by Automedia MK / Google Photos

Најекстремното тестирање се врши на четири столбови, коишто се движат во сите правци и врз коишто е прицврстено возилото. Напрегањето на коешто се изложени прототипите на ова тестирање е толку високо, што човек не може да издржи да седи зад воланот.

„Нашата цел е да бидеме одлични. Покрај тоа што ние го тестираме квалитетот на техничката основа на новиот Peugeot 408, ние тестираме и за клиентите, односно проверуваме за сите сутиации коишто може да го доживеат тие. Големо задоволство е напорно да се работи на овој проект, во којшто сите го сакаме новиот 408“, открива Емануел Лафори, проект директор за Peugeot 408.

Порано 406 Coupe, сега Peugeot 408: Убавите купе-модели денес се СУВ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

Автомобили што управуваат сами направиле 400 судири во САД