за

Volvo со нови шефови, Швеѓаните сакаат да бидат пример за иднината

Volvo Cars по 2030 година ќе произведува само електрични автомобили и ќе презема пионерски чекори во менувањето на мобилноста. Продажбата ќе расте, голема е грижата за животната средина.

Volvo од следната недела ќе има нови директори во подрачјата коишто се важни во достигнувањето на целите, за целосно преоѓање на електрични возила и за воведување нови пристапи и нови услуги во мобилноста.

Едно од големите изненадувања, кога човек првпат ќе ја посети Шведска, секако дека е ведриот дух на народот, во којшто може да се препознае и посебна смисла за хумор. За поставувањето на новите директори во Volvo, Швеѓаните во соопштението за печат наведуваат дека тоа е „фино дотерување на одговорностите на раководителите во рамките на Volvo Cars“. Притоа, под фино дотерување, се мисли на старите радија, со вртлив потенциометар, кога треба добро да се наслушне и да се погоди вистинската фреквенција, во којашто нема шум. Тоа е „сокриена“ смисла за хумор, секако, треба да се умее да се разбере.

Новиот извршен директор, Џим Роуен, на местото на легендарниот Хакан Самуелсон, објаснува за новите поставувања: „Нашата стратешка одредница е јасна. Со сосредострочување кон клиентите, ќе создадеме вредности преку развој на технологија и производи, преку дигитална и софтверска подобност. Поради тоа, решивме да ја поедноставиме нашата структура со јасни одговорности, да го зајакнеме извршувањето и да соработуваме поблиску во рамките на целиот бизнис.“

Од 20-ти јуни, промените во структурата во Volvo Cars се следните:

Бјерн Анвал, актуелен финансов директор, станува главен директор за комерцијала и заменик на извршниот директор.

Хавиер Варела, одговорен за истражување и развој, производство, набавка на компоненти од добавувачите и квалитет, станува оперативен директор и заменик на извршниот директор.

Функционирањето со два заменици на извршниот директор се воведува со цел да се нагласи важноста на двете клучни подрачја во бизнисот на Volvo Cars, нивниот придонес во растот на компанијата, сега и во иднина.

Бјорн го наследува Лекс Керсемакерс, кој заминува во пензија по 38 години работа во Volvo. Хенрик Грин, моментно директор за креирањето приизводи, ќе раководи со новото одделение што е именувано Напредна технологија и Одржливост. По 2040 година, целото работење на Volvo како компанија, ќе биде неутрално во поглед на емисијата на СО2.

Тимот од извршни директори на Volvo Cars, предводен од Џим Роуен, го сочинуваат:

(заради специфичноста на името на работната позиција, списокот го пренесуваме во оригиналот од соопштението на англиски јазик)

Acting Chief Finance Officer, Johan Ekdahl

General Counsel & Chief Legal Officer, Maria Hemberg

Chief Operating Officer & Deputy CEO, Javier Varela

Chief People Officer, Hanna Fager

Chief Commercial Officer & Deputy CEO, Björn Annwall

Chief Communications Officer, Olivia Ross-Wilson

Во рамките на групацијата, се востановуваат следните позиции и одговорности:

President, APAC, Xiaolin Yuan

President, Americas, Anders Gustafsson

President, EMEA, Arek Nowinski

Head of Global Advanced Technology & Sustainability, Henrik Green

Head of Global Design & UX, Robin Page

Head of Global Controlling, Fredrik Hansson

Head of Global Manufacturing, Geert Bruyneel

Acting Head of Global Research & Development, Javier Varela

Head of Global Digital Core, Tobias Altehed

Strategic Advisor, Lex Kerssemakers

За настапот на Volvo на македонскиот пазар, нема што да се подобрува. Шведската премиум марка се докажа како една од најорганизираните во овој чувствителен автомобилски сегмент, во поглед на испораката на возила во разумни рокови. Тоа резултира и со зголемување на пазарниот удел на Volvo на македонскиот пазар. Наскоро се очекуваат и новини во гамата на XC40.

Volvo купи акции во авто-огласникот carwow

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Некои автомобили пливаат: Amphicar 770 е првиот амфибиски автомобил

Alfa Romeo Tonale е дел од 40-то издание на Mille Miglia