за

Volvo купи акции во авто-огласникот carwow

Volvo купи стратешки малцински удел во carwow, водечка онлајн-платформа за купување и продажба на автомобили. Тоа е уште едно важно вложување на фондот за технологии на Volvo Cars.

Како водечка платформа во Европа за купување нови автомобили, што на корисниците им нуди можност за онлајн да го продадат својот сегашен автомобил, carwow постигна голем раст во последните години и моментно е меѓу лидерите во Обединетото Кралство, Германија и Шпанија, за продажба на нови автомобили.

Преку вложувањето, Volvo ќе стекне вредни искуства во делот на онлајн-продажбата, привлекувањето клиенти и создавање содржини. Целта на шведскиот производител е да ја префрли продажбата онлајн и директно да настапува пред клиентите.

Volvo и carwow веќе од претходно соработуваат. Сегашното преземање удел во онлајн-платформата е проширување на таа соработка, којашто ги опфаќа услугите на претплатата на Volvo Cars и реклами на шведската марка и на нејзините дилери на carwow.

Независните пазари имаат клучна улога во секоја потрошувачка индустрија, во којашто се вклучува и натпреварувачкиот дух на Volvo Cars,” изјави Лекс Керсемакерс, комерцијален директор во Volvo Cars. „Ние сме меѓу првите производители на автомобили коишто работат на префрлување на продажбата онлајн и преку оваа стратешка соработка, ќе научиме и ќе стекнеме претстава за однесувањето при купувањето онлајн. Соработката со carwow ќе ни помогне нас и на нашите дилери да ја зголемиме продажбата и да ја достигнеме целта за околу половина од продажбата да ја остваруваме онлајн до 2025 година.“

Онлајн продажбата во Volvo оди паралелно со целта марката да стане 100% електрична до 2030 година

Префрлувањето на Volvo на онлајн продажба е составен дел од целта да се преземе лидерство во брзорастечкиот сегмент на премиум електрични автомобили, со милиони директни врски со клиентите. Тоа е воедно и составен дел од поголемата цел, Volvo да стане чисто електрична марка до 2030 година.

Предностите на онлајн-продажбата преку volvocars.com се едноставната постапка при нарачување возила и услуги од Volvo, со прегледни цени и информации за производите, како и точно утврден датум на испорака.

Седиштето на Carwow се наоѓа во Лондон. Компанијата вработува повеќе од 400 лица ширум Европа. Автомобилскиот канал на carwow на јутјуб, со тестови на автомобили, има повеќе од 6 милиони следбеници.

Македонскиот увозник за Volvo исто така поставува силен нагласок на онлајн-услугите, вклучувајќи и мошне напреден конфигуратор, на https://www.volvocars.com/mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Концернот Volkswagen со нови директори за комуникација со медиумите

Volkswagen објави слики од Amarok, пикапот стартува кон крајот на годината