за

Alfa Romeo Tonale е дел од 40-то издание на Mille Miglia

Три автомобили Alfa Romeo учествуваат на „најубавата трка во светот“, на традиционалната рута Бреша-Рим-Бреша. Меѓу нив се наоѓа и новиот Tonale.

Големи имиња во фабричката постава на Alfa Romeo на прочуената 1000 Miglia, којашто учесниците денес ќе ги донесе повторно до појдовната точка на трката. Модели на Alfa Romeo на трката се 6C 1500 Super Sport од 1928 година, 1900 Sport Spider од 1954 година и 1900 Super Sprint од 1956 година.

Енцо Ферари своевремено ја оцени славната 1000 Miglia како „најубава трка во светот“. Годинешното 40-то издание стартуваше на 15-ти јуни во Бреша, каде што учесниците денес ќе ја заокружат рутата и ќе го одбележат завршетокот на трката. Половина трка, половина авантура, годинава на 1000 Miglia учествуваат преку 400 бесценети историски автомобили, од кои дури 118 им припаѓаат на четирите италијански марки на концернот Stellantis, на Abarth, Alfa Romeo, Fiat и Lancia.

Вообичаено, Alfa Romeo е ѕвезда на настанот, не само поради своите 50 возила, што е повеќе отколку која било друга марка. Три возила се од сопствената колекција на миланската марка и обично се гледаат во музејот на Alfa Romeo во Арезе: 6C 1500 Super Sport од 1928 година, 1900 Sport Spider од 1954 година и 1900 Super Sprint од 1956 година.

Тимот во автомобилот што победи на изданието во 2019 година, Alfa Romeo 6C 1500 Super Sport, го сочинува двојката Џовани Мочери и Валериа Дичембре, кои се воедно и двојка во спортот, во животот и во нивната професија како педијатри. Во 1900 Super Sprint се претставници од Alfa Romeo Manufacturing, тоа се Франческо Пироци и Кристина Поста. Спортската коментаторка и возачка во дамската Formula W, Вики Пириа, вози 1900 Sport Spider, заедно со Алуни Брави, директор на Sauber Motorsport.

Трите автомобили се под посебна заштита како дел од историското наследство на Alfa Romeo. Овие бесценети автомобили ќе ги предводи новата Alfa Romeo Tonale, која штотуку стартуваше во салоните на најголемите европски пазари на марката.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Alfa Romeo театрално започна со испорака на новиот Tonale

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo со нови шефови, Швеѓаните сакаат да бидат пример за иднината

Почна производството на електричниот Volkswagen ID. Buzz