Alfa Romeo театрално започна со испорака на новиот Tonale

На погодна прослава во историската фабрика Џамбатиста Вико во Помиљиано д’Aрко, беа предадени клучевите од првите примероци од Alfa Romeo Tonale. Целта на настанот е да се укаже на новата специјална програма што е наменета за клиентите што први ќе нарачаат нов модел на Alfa. Меѓу посебните погодности за нив спаѓа и 24/7 поддршка.

Пред масовната испорака на првиот контингент од Alfa Romeo Tonale до продажните салони на марката, првите три примероци од ексклузивната Tonale Edizione Speciale им беа предадени на сопствениците во рамките на посебна прослава. Тие први ќе учествуваат во програмата, во којашто ќе можат да ги пренесат сите свои забелешки и оцени во поглед на возилото. Притоа ќе им стои на располагање и наменски 24/7 центар за повик. На тој начин, италијанската премиум марка сака да нагласи колку ѝ се важни клиентите и нивното задоволство од моделите.

Испораката беше извршена во домот на Tonale, во реновираната фабрика Џамбатиста Вико во Помиљиано дАрко. Тоа е една од технолошки најнапредните фабрики во браншата, со висок степен на автоматизација и почитување врвни стандарди за квалитет.

Франческо Калкара, виш заменик претседател за глобален маркетинг и комуникација за Alfa Romeo: „Имаме опсесија за квалитетот и тоа нé водеше низ проектот Tonale. Првенствено сме посветени на квалитетот на производите, но тоа не е сé. Квалитетот е нешто што клиентите го чувствуваат, почнувајќи од почетокот на процесот на нарачка, па сé до последниот ден поседување на автомобилот. Уверени сме во квалитетот на Tonale, којшто е постигнат со напорна работа на тимот, добавувачите и фабриката Помиљиано д’Арко.“

https://photos.app.goo.gl/9FnxemBQtzagAMra8

Ексклузивната воведна серија Tonale Edizione Speciale е достапна со благ хибриден погон со 1,5-литарски мотор со 130 КС. Моторот е комбиниран со 7-степен менувач со двојна спојка и со 48-волтен електромотор со крајна моќност од 15 kW и 55 Nm. Тоа е всушност стартер-генератор, но посебноста тука лежи во тоа што „електромоторот“ може и самостојно да го движи возилото, иако на кусо растојание, но сосем делотворно за потрошувачката да се смали.

Alfa Romeo прва примени технологија NFT (Non-Fungible-Token) во Tonale, што е премиера за целата бранша

Главен надворешен печат даваат тркалата од 20 инчи, црвените сопирачки клешти Brembo, целосно диодните матрични диодни светла и предните затемнети стакла. Внатре пречекува средишен дисплеј од 10,25 инчи, со целосна онлајн-поддршка на уреди и услуги, како и безжично полнење телефон.

https://photos.app.goo.gl/sBBnE3WkCMddXhEo9

Опремата е комплетирана со алуминиумски рачки за менувачот на волан, со пристап без клуч, самостојно отворање на багажникот, спортски кожен волан, но и со радарски темпомат и камера за знаци.

Аутомобиле СК веќе ги објави цените и деталите за Alfa Romeo Tonale во специјалната серија Tonale Edizione Speciale за македонскиот пазар.

https://photos.app.goo.gl/vxLADGFnPrje8hNc8

https://photos.app.goo.gl/eoLvXyj2fMX4of2x6

Цените и податоците за Alfa Romeo Tonale можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК на следниот линк

https://avtosalon.mk/listings/alfa-romeo-tonale-1-5-t-48v-hybrid-edizione-speziale-tct/

И секао, на страната на Alfa Romeo Makedonija

https://www.alfaromeo.mk/model/tonale/specijalno-izdanie/

Претходна објаваФабриките на Mazda ќе станат CO2-чисти до 2035 година
Следна објаваСо Opel Grandland до Луке: Патување најдалеку на север

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here