Amazon издвои 250 милиони евра за новото шоу на Џереми Кларксон

Тројцата водители Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј добија на располагање неверојатно висок буџет од Amazon Prime за новото автомобилско шоу – без цензура и без реклами од производителите.

Една од најдобрите вести годинава за љубителите на телевизиските емисии за автомобилизам беше дека поранешните водители на Top Gear ќе продолжат со свое шоу во Amazon Prime Video. Тоа е вистински удар за стариот Top Gear што каналот BBC ќе продолжи да го продуцира со водителот Крис Еванс, чие што име надвор од британската територија никому не му значи. Името на новото шоу со Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј уште не се открива.

Американската верзија ниту приближно не ја достигна популарноста на оригиналот

Голем број љубители ќе се откажат од шоуто Top Gear, кое што уживаше огромна популарност токму поради тројцата водители. Ниту американската верзија на Top Gear, ниту пак бројните магазини издавани под лиценца не успеаја да го достигнат шармот на трупата на Кларксон, којашто направи единствено шоу во светот.

Добра вест е и тоа што поранешниот продуцент Енди Вилмен исто така е на страната на оригиналната водителска тројка. Повеќе медиуми веќе објавија дека новото шоу ќе располага со неверојатен буџет од 160 милиони фунти, односно околу 250 милиони евра. Со првично планирани 36 епизоди, тоа значи дека на тројцата водители ќе им стојат на располагање шест милиони евра за секоја епизода. Со тоа, новото шоу на Кларксон ќе биде меѓу најскапите телевизиски проекти што се снимени во Британија. Според продуцентот Вилмен, водителските ѕвезди ќе имаат целосна редакциска независност и многу пари, без какви било автомобилски реклами. Шоуто ќе стартува во 2016 година во Англија, во САД и во неколку европски земји.

Претходна објаваМоже ли iPhone да се користи како сопирачка плочка за Porsche?
Следна објаваПрвите пет примероци од водородната Toyota пристигнаа во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here