за

Alfa Romeo Tonale ѝ донесе пресвртница на миланската марка

Тоа беше сосем извесно дека ќе се случи, уште откако Tonale појде на промо-турата низ Италија. Компактниот СУВ направи Alfa Romeo да постигне најголем раст од сите премиум марки.

За повеќе од една петина зголемена продажба, во време кога германското трио премиум марки бележи минус, поради чип-кризата и цела низа потешкотии за браншата, тоа е големо постигнување за Alfa Romeo. Главната заслуга за тоа ја има третиот модел во понудата на италијанската марка, Tonale.

Според официјалната статистика за европскиот пазар, Alfa Romeo лани до ноември имаше продадено 28.744 возила или за 21,3 проценти повеќе отколку во периодот од јануари до ноември преклани. Тоа не само што е најголем пораст од сите марки во концернот Stellantis, туку е најголем пораст и во конкуренција на премиум марките. Кога ќе се додаде и декемвриската продажба, резултатот на миланската марка ќе биде уште поубедлив.

Италијанците очекуваат дека во 2023 година ќе постават нови рекорди во продажбата. Трендот во секој случај води натаму. Alfa Romeo, надвор од собирните статистики за целиот европски пазар, објави дека во последниот квартал лани постигнала историски рекорден пазарен удел во Европа.

Во минатата година, заслугата за тоа во најголем дел оди на сметка на компактниот СУВ на Alfa Romeo. Тоа е прв СУВ во класата за марката, но уште поважно, тоа е првиот модел што користи електромотор во погонот. Првите модели што беа пуштени во продажба располагаа со благ хибриден погон. Таква беше и Tonale на тест летоска, во ексклузивната воведна серија Speziale.

Новиот СУВ-модел требаше да стартува уште порано, но пандемијата ги одложи плановите. За половина година колку што е во продажба, Tonale сепак успеа да внесе силна динамика за марката. Од Милано јавуваат дека книгата со нарачки е солидно пополнета за 2023 година, што значи дека допрва ќе паѓаат рекорди. Покрај тоа, гамата сега е комплетна, затоа што Tonale во меѓувреме се нуди и со дизел мотор, како и во изведба со приклучен хибриден погон, што со 280 КС и со погон Q4 е врв во гамата на моделот. Првите примероци од врвната моделска изведба ќе стартуваат со испорака веќе во јануари. Нема да биде изненадување ако Tonale Plug-In Hybrid Q4 уште месецов се појави во салон на Аутомобиле СК.

Наградите пристигаат во серија, најновите наслови за Alfa Romeo Tonale се избор за „Auto Europa 2023“, како и „Auto Più Bella del Web“

Главните носители на имиџот на престижната марка, спортската лимузина Giulia и нејзиниот СУВ-пандан Stelvio, исто така напредуваат солидно. Двата модели заедно се продадоа во преку 10.000 примероци. Наскоро во салоните треба да се појави и освеженото моделско годиште на двата модели од средната класа.

Марката е на одличен курс и за тоа сведочи податокот: 96% од клиентите искажале големо задоволство од услугата во салоните на Alfa Romeo, при купувањето на автомобилот. Доброто менаџирање со каналите на продажба и сведувањето на залихите на најмала можна мера ја претвора Alfa Romeo во марка возила шпо изработува по посебна нарачка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rivian лани произвел близу 25.000 електрични пикапи и комбиња

XC60 најпродаван модел на Volvo, секој десетти автомобил електричен