Исто како секој друг поголем производител, Volvo во минатата година се соочуваше со недостиг од микрочипови и други компоненти, како и со прекини во работата на фабриките во Кина, поради ковид. Книгите со нарачки и натаму се полни.
Во последниот месец од 2022 година, Volvo Cars продаде 72.663 возила, за 12,8% повеќе отколку во истиот месец во претходната година. Уделот на моделите од потсеријата Recharge, каде што спаѓаат приклучни хибридни и целосно електрични автомобили, во декември изнесува 43,8 проценти. Чисто електричните модели учествуваат со 20,1 проценти во декемвриската продажба на шведската марка.
Volvo е меѓу првите марки што воведе услуга за месечна претплата на своите автомобили, прво во Шведска и во скандинавските држави, а потоа и на главните пазари во Европа. Корисниците на оваа услуга плаќаат месечна рата во којашто се вклучени буквално сите трошоци, од регистрација до редовен сервис и гуми, единствено треба да се долева гориво. Возилото останува во сопственост на Volvo, услугата може да се откаже во секое време.
За оваа услуга, Volvo Cars лани имал за 49% зголемен број клиенти, во споредба со 2021 година. Покрај тоа, расте и продажбата на модели по онлајн-канали. Лани на овој начин се продадени за 17% повеќе возила отколку една година порано.
По одделни пазари, компанијата лани продала 102.038 во САД, што е за 16,5% помалку од преклани. Во декември, Volvo Cars продал 11.111 автомобили на американскиот пазар, за 6,4 проценти повеќе во споредба со истиот месец во 2021 година.
Кина е втор најголем пазар со 162.322 автомобили, помалку за 5,4 проценти од преклани. Во последниот месец лани, Volvo Cars продал 16.950 возила во Кина, зголемување за 15,8 проценти во однос на декември 2021 година.
На европскиот пазар се продадени 247.413 автомобили или за 15,7% помалку од преклани. Во декември, продажбата во Европа изнесува 33.407 возила или за 17% повеќе од истиот месец една година порано.
View this post on Instagram
Најпродаван модел на Volvo во светски рамки е СУВ-моделот од средната класа XC60. Од конкурентот на Mercedes-Benz GLC, Audi Q5 и BMW X3 се продадени 195.338 автомобили (2021 година: 215.635 возила). Втор најпродаван модел е XC40 со 169.206 примероци (2021: 201,037). Третиот најпродаван модел исто така е СУВ, тоа е престижниот XC90 со продадени 97.130 автомобили (2021: 108,231).
Модел | 2022 | % промена |
C40 | 24,213 | 1,924 % |
S60 II | – | – |
S60 III | 39,503 | -20 % |
S60L | 1 | 100 % |
S90 | 42,910 | -8 % |
V40 | 3 | -86 % |
V40 CC | – | – |
V60 | – | – |
V60 CC II | 7,823 | -45 % |
V60 II | 24,254 | -42 % |
V90 | 7,630 | -24 % |
V90 CC | 7,110 | -33 % |
XC40 | 169,206 | -16 % |
XC60 | – | – |
XC60 II | 195,338 | -9 % |
XC90 II | 97,130 | -10 % |
Вкупно | 615,121 | -12 % |