Кој навреме ќе ја заврши задачата, сега може да спортува. Електрификацијата што е главна тема во целата автомобилска бранша, веќе одамна е совладана дисциплина за Toyota. Тоа секако дека важи за хибридниот погон. Бидејќи мора да се бараат нови предизвици, јапонскиот примус во овие електро-години масовно се впушта во трка, и по патека и надвор од пат. Затоа има смисла тоа што сега и RAV4 добива значка GR Sport.
Првата асоцијација со Toyota веќе извесно време не е хибридниот погон, туку се моделите GR и нивните повеќе цивилни варијанти GR Sport. Баланс со екстремните GR Yaris и Yaris Cross, GR Corolla, GR Supra и GR86, прават спортските изведби за секој ден GR Sport, коишто се нудат во гамата на Yaris, в моделското семејство на Corolla, во нејзините изведби со пет врати, комби и лимузина, потоа во C-HR, и сосем нормално, Hilux.
Toyota го октомври го најави доаѓањето на изведбата GR Sport во гамата на RAV4, и во овие денови околу „Дакар“ ќе почне и испораката на моделот на првите пазари во Европа.
Чудно е како сцената досега не почувствува дека ѝ недостига GR Sport во гамата на RAV4, еден од главните СУВ-модели на пазарот и репер. Тоа е вештината на менаџирањето на големите марки. Прво беше пуштена серијата Black Edition, потоа во гамата пристигна важната верзија со приклучен хибриден погон и 306 КС, одвреме навреме имаше по некое моделско освежување, па како следно збогатување на понудата пристигна изведбата Adventure со посебен нагласок на теренското во RAV4. Toyota требаше прво да најави верзија GR Sport, па сцената да дознае дека таа недостига.
Зафатите се однесуваат главно на стилот, но има и неколку промени што влијаат врз возните својства. GR Sport може да се нарача и во изведбата со полн хибриден погон и со приклучен хибриден погон, со погон на сите тркала, односно со електромотор и за задната оска.
Нови моменти се арките на крилата што се обложени со лакови во сјајна црна боја. Истиот финиш се повторува на праговите и кај лајсната под задниот прозорец. Рамката околу предните магленки ја следи истата шема како маската, со тркачки груб растер во црна боја. Дополнителниот спојлер напред се разликува меѓу двете погонски варијанти: Полниот хибрид има спојлер во темно сребрена боја, додека тој кај приклучниот хибрид е во пиштол-сива боја. Секако не недостига GR Sport значка напред и назад.
RAV4 GR SPORT е прв модел на Toyota што ги добива новите тркала што се изработени со најнова технологија за најпрецизно режење. Тркалата од 19 инчи во сјајно црна боја се стандард, со пет двојни краци и со тенка сива линија што дава изглед на најфина занаетчиска изработка.
Внатрешноста угостува со спортски предни седишта што се обложени со материјал, што на допир се чувствува како кадифе. Страниците се обложени со вештачка кожа, во потпирачите за глава е втиснато лого GR. Сребрен конец се привлекува на седиштата, воланот, менувачот, вратите. Логото на Gazoo Racing се гледа и на воланот и на патосниците.
Во поглед на опременоста, моделското годиште ’23 донесува нов инфо-забавен систем од 10,5 инчи и дигитални инструменти од 12,3 инчи како стандард. Системите за асистенција T-Mate се најкомплетни на пазарот, дополнети со способност возилото само да го коригира правецот, за да се избегне судир.
Електрично местење на предните седишта е вклучено во нивото GR Sport, заедно со систем од камери во 360 степени со панорамски преглед.
Спортскиот изглед е придружен со неколку зафати во подвозјето. Пружините и амортизерите се покрути, за да се нагласи управливоста и на возачот да му се посредува чувство на подиректна врска со возилото.
Уште пред две години, RAV4 надмина 10-милионска продукција, а титулата на најпродаван СУВ модел во светот не ја напушта.