На улиците на градот им е потребна Алфа Ромео Јуниор

Најавата дека Алфа Ромео од 2027 година ќе биде електрична марка, најблаго кажано изненади многумина почитувачи на марката со змијата и крстот. Сцената во овие времиња што се најнеблагодарни за какви било планирања, ќе гледаше многу поразлично, доколку Јуниор, несудената Милано, беше понудена само во електрична изведба. Хибридот е повеќе од доволен, тука коњите се во стилот.

За Јуниор се зборуваше многу уште пред новиот модел на Алфа Ромео воопшто да се појави во салоните. Вистинската врева се создаде откако италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо објави дека Алфа нема да смее да го користи првично планираното име Милано – логично, името на родниот град на марката. Според римските закони, не се дозволува производ да носи име што се поврзува со Италија, а не е произведен во земјата. Несудената Милано, а сега Јуниор, се произведува во фабриката на Стелантис во Тихи, Полска.

Марката од Милано ценеше дека сé е во согласност со барањата на десничарската влада на Мелони и моделот може слободно да го носи токму името Милано, меѓутоа сепак беше решено да се смени името, во Јуниор. Публиката, патем, претходно даде најмногу гласови за новиот модел да се вика Милано, но блиску со гласовите беше и предлогот за името да биде Јуниор, што е историско име кај моделите на Алфа Ромео.

Во тие моменти, шефот Жан Филипе Импарато кажа дека интересот на јавноста за новиот модел бил толку масовен, што на моменти се случувало вебсајтот да биде недостапен, поради преоптовареност на серверите.

Јуниор имаше деби во минатата недела и ќе се произведува во фабриката на Стелантис во Тихи, Полска, покрај Џип Авенџер и Фиат 600.

Следната голема вест околу Јуниор беше качувањето на моќноста на врвната моделска изведба за 40 КС – електрична, патем, затоа што во гамата единствено се нуди уште благ хибриден со 136 КС. Јуниор Елетрика во спортската изведба Велоче првично требаше да располага со 240 КС, за потоа да биде соопштено дека најсилниот Јуниор место тоа ќе вози со 280 КС.

Алфа Ромео објасни дека инженерите при завршните тестирања биле толку усреќени со динамиката на новиот модел, што го поместиле маиксимумот на 280 КС. Според тоа, Јуниор Елетрика располага со исто толку КС, колку врвните изведби Велоче во гамата на останатите три модели, односно Тонале, Џулија и Стелвио.

Јуниор сега е во салонот на Аутомобиле СК и сосем е јасно дека вревата околу четвртиот модел во гамата на марката почнува допрво. Со изгледот и со печатот на Алфа Ромео што е присутен насекаде, ова е сосем извесно најпретставителниот модел од Б-СУВ сегментот на целата понуда од марки на Стелантис. Овој сегмент, патем, веќе извесно време е најпродаван на европскиот пазар, пред класичните компакти и пред Ц-СУВ моделите.

Основната изведба на Алфа Ромео Јуниор Ибрида чини редовни 30.900 евра, односно 29.500 евра со промотивниот попуст. Тоа е дури и под цената на италијанскиот пазар, каде што промотивната цена е 29.906 евра. Изведбата со благ хибриден погон Ибрида е достапна и во верзијата Спечиале, со ексклузивна опрема и стилски детали, со редовна цена од 32.900 евра.

Увозникот веднаш го вклучи и електричниот модел во понудата, со моќност од 156 КС и цена од 37.500 евра во стандардна изведба, односно со цена од 39.500 евра за изведбата Елетрика Спечиале. Топ-моделот, електричниот Велоче со неговите 280 КС, чини најмалку 45.500 евра.

Спечиале доаѓа со спортски седишта обложени со винил и штоф, греење, масажа и електрично местење, волан обложен со еко кожа, пристап без клуч, паркинг камери, навигација, амбиентално осветлување, дополнително затемнети задни стакла и задолжително со алу-тркала Фори од 18 инчи, со дизајн на „детелина“, уште едно обележје на Алфа.

Триото во коешто вообичаено пристигнуваат новите модели на Алфа Ромео во Аутомобиле СК, во боите на триколорето, односно црвена, бела и зелена, овојпат малку отстапува затоа што бојата Блу Навиљи на едното возило во салонот, што се гледа зелена, според Милано е сина.

Посебноста на Спечиале секако е во стилските поединости: Каросериски додатоци во мат црна боја со детали во росо-брера и со Скудето во изведба В-Прогресо, потоа сјајни црни капи на ретровизорите, сиво елоксирани сопирачки клешти и уште бројни детали.

Во секој агол е Алфа, разликата не се сведува само на Скудетото

Јуниор ја дели платформата, меѓу другото со уште еден свеж модел кај нас, Фиат 600, исто како и со одлично прифатениот Џип Авенџер (преку 60 испораки досега во МК), со новата Ланчиа Ипсилон, со Опел Корса/Мока, Пежо 208/2008, Ситроен Ц4/Ц4 Икс, па и со Донгфенг Еолус (Кинезите учествуваа со 40% во трошоците за развој на платформата). Од заедничката техника на целата оваа маса автомобили, кај Јуниор не постои ниту трага. Во дизајнот, тоа е целосно независен модел

Типично за Алфа се трите светлечки тела во линија, во предните светла. За матрични диодни светла, со безбројни светлечки елементи што практично ја проектираат светлината врз патот, може да се избере пакет Тек Спечиале, што чини 2.000 евра, заедно со паркинг сензори напред, назад и отстрана, со темпомат со автоматско запирање и поаѓање во колона, самостојно паркирање, безжичен полнач и самозатемнувачки ретровизор внатре.

Местото на табличката отстапува од традицијата

Во поглед на стилот, алфистите секако ќе забележат за поставувањето на предната регистрација во средина, место лево. Тоа остава простор за независните работилници, да осмислат решение и да го нудат како услуга.

Скудетото, маската на миланската марка, се вградува во две изведби. Стандардната мошне верно и убедливо го следи стилот на традиционалните хромирани решетки од златните 60-ти и 70-ти години, додека во врвните изведби доаѓа Прогресо, со мошне видливите обележја – змија и крст.

Главниот дизајнер Алехандро Мезонеро Романос, кажа дека го нацртал Јуниор за само осум месеци и посебно е горд на Прогресо, затоа што цени дека таквиот стил се совпаѓа со „новото“ место на регистрацијата. Причината за преместувањето: Табличка во средина е подобра за заштита на пешаци.

Во Алфа сé си носи свое име, па така и деталот во опашот што се води како Кодатртонка. Задните столбови се обложени со овој панел што изгледа скапо и во него се покажува змијата на Алфа. Под задното стакло што е невообичаено легнато за каросериската форма на СУВ, се крие багажен простор од 400 литри, што е вредност за почит во оваа класа.

Дизајнерот Мезонеро Романос кажа дека инспирацијата за дизајнерскиот детал во задните столбови доаѓа од Џулија ТЗ и се води како Кодатронка

Појавата не оддава дека станува збор за возило што е долго 4,17 метри. Се стекнува впечаток како каросеријата да е многу подолга. Од овие компаклтни димензии, секако ќе користи секојдневието по градските улици.

Главните димензии на Алфа Ромео Јуниор:

  • Должина 4,17 метри
  • Ширина 1,78 метар
  • Висина 1,53 метар
  • Багажник: 400 – 1.280 литри

Јуниор е првиот целосно елеткричен модел на Алфа Ромео

По Јуниор, идната генерација на Џулија и Стелвио исто така ќе се произведува во целосно електрична изведба. Тоа што е поблиску со нашиот пазар е изведбата со благ хибриден погон. Срцето e 1,2-литарец со турбонатполнење и директно впрскување, со моќност од 136 КС. Електромоторот од 28 КС е вграден во самиот менувач со двојна спојка со 6 степени на пренос, со што се овозможува и кусо возење чисто на струја. Според фабрика, потрошувачката е 5,2 литри на сто километри.

Електричниот модел вози до 410 километри до следното полнење. Тоа може да трае мошне кусо, доколку стои на располагање брз полнач, каде што Јуниор Електрика ќе полни со моќност од 100 кВ. Со своите 1.550 килограми, Електрика е мошне лесен за електричен автомобил. Хибридниот модел сепак е полесен за околу 250 килограми.

Во внатрешноста се чувствува генот на Алфа од новото време

Под стреата што сугерира дека долу се наоѓаат класични тркалезни инструменти, сепак е сместен екран од 10,25 инчи. Графичкиот приказ се повикува на традиционалниот стил на италијанската марка. Дизајнерите го нарекуваат овој зафат „канокијале“, изглед на двоглед. Во средина е екран со истата големина, подзавртен кон возачот. Тука се вмешува и вештачка интелигенција со Чет Џипити, односно со „Еј, Алфа“.

Големо изненадување се спортските седишта Сабелт, коишто се изведени како тркачка школка и имаат отвори во нив, заради намалување на тежината. Тоа е опција што доаѓа во пакет со кожен волан, спортски педали и патосници, со цена од 3.200 евра.

Топ-моделот Велоче е електричен, но пак е Алфа. Тоа значи, подвозје спуштено 25 милиметри како стандард, спортски сопирачки со дискови од 38 сантиметри (15 инчи), подебели стабвилизатори и тркала од 20 инчи. Со тоа оди и управување со покус пренос.

Јуниор доаѓа на местото што некогаш ѝ припаѓаше на МиТо, често забележан модел по нашите улици

Алфа Ромео соопшти дека на Велоче работеле истите инженери од 8 Ц Компетиционе и 4 Ц. Сменето е сé, од геометријата на подвозјето, прогресивното управување, торсен блокада на диференцијал напред. Тоа ја докажува способноста на Алфа Ромео да го постави врвот и кога се работи за електричен погон.

Милано сака да освои нов круг купувачи со несудениот Милано. Сосем е извесно дека тоа ќе успее, исто како што претходно успеа Тонале, со таа разлика што сега се отвора уште поширок круг купувачи – нормално, купувачи што се тргнати во салон по премиум возило и премиум марка.

Претходна објаваДомашниот автомобилски пазар ќе ја заврши 2024 со рекордна продажба на нови автомобили
Следна објаваОсаму Сузуки, кој го водеше јапонскиот гигант подолго од четири децении, почина на 94 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here