за

Alfa Romeo е официјален партнер на патеката Монца

Брзата марка на Fiat е нов официјален партнер на Монца, најстара патека на која што се вози формула 1.

Луј Карл Вињон, шеф на марката Alfa Romeo за Европа, Африка и Средниот Исток, по повод гостувањето на светскиот шампионат во субербајк на Монца симболично го прими клучот од патеката. Шеста година по ред Alfa Romeo е спонзор на врвната мотосерија и меѓу другото ги испорачува и официјалните безбедносни возила на трките од шампионатот.

Договорот меѓу Alfa Romeo и комисионерот на патеката SIAS важи за 2013 и 2014 година. SIAS работеше со Аутодромо уште во 1922 година, кога патеката беше изградена за само 110 денови во Кралскиот Парк на периферијата на Монца. По Бруклендс во Англија (1907) и Индијанаполис во САД (1909), Монца е трета најстара патека на светот.

Партнерството се состои од маркетиншко присуство на Alfa Romeo по целата должина на патеката и наоколу. Дополнително, комисионерот ќе добие на располагање возен парк со модели на Alfa Romeo. На овој начин, славната италијанска марка се враќа на патеката на која што ги забележа најголемите успеси во мотоспортот. На првата трка во 1922 година победи Антонио Аскари со Alfa Romeo P2. Три години подоцна, Гастоне Брили-Пери победи повторно со P2 и со тоа ги постави темелите за Alfa Romeo да ја освои титулата во првиот светски шампионат.

Премиерната трка на Alfa Romeo 8C 2300 во 1931 година заврши со победа. На десетчасовната трка, зад воланот се менуваа Тацио Нуволари и Џузепе Аскари. Во следната година Нуволари победи повторно на Големата награда на Италија, со Alfa Romeo P3. Луиџи Фаџоли возеше следната година со истиот болид до нова победа во Монца.

По официјалното стартување на Формула 1 по војната, Alfa Romeo имаше победничка серија во Кралскиот Парк. Во 1950 година победи Џузепе Нино Фарина со Tipo 158, позната како Alfetta, на почетокот на серијата која што водеше кон првиот светски шампионат во Формула 1.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda MX-5 повторно ќе урива рекорди

BMW возвраќа на премиерата на класата S на Mercedes