за

900 КС во Mercedes-Maybach во тјунинг-режија на Brabus

Новиот Mercedes-Maybach веќе е апсолутен врв во автомобилскиот свет. Тјунерот Brabus сепак смета дека има уште простор за подобрување и нуди 900 КС, ексклузивен ентериер и врвна техника во суперлуксузната лимузина.

Моќност од 900 КС, максимален вртежен момент од 1.500 њутнметри и крајна брзина од преку 350 километри на час, како заслуга од 12-цилиндарскиот мотор од 6,3 литри со битурбонатполнење: Тоа е личната карта на Mercedes-Maybach S600 по третманот во тјунерската работилница на Brabus. Соодветно на екстремните перформанси на луксузниот крстосувач е дотерана и каросеријата, со посебни компоненти за аеродинамика и ковани бандажи од 21 инч.

brabus rocket 900 1120150611Со дванаесетцилиндарскиот битурбо мотор со 530 КС, Maybach S 600 е пристојно моторизиран уште во стандардната изведба. Како Brabus Rocker 900 6.3 V12 Biturbo, овој луксузен крстосувач достигна ниво што досега беше резервирано исклучиво за најсилните суперспортски автомобили. Вообичаено за Brabus, „дотерувањето“ на моторот започнува со зголемување на работната зафатнина, од шест на 6,3 литри. Тоа е постигнато со зголемување на пречникот на цилиндрите, во комбинација со специјално коленасто вратило со поголем òд, когошто Brabus го изработува од едно парче, со најточно балансирани клипници и со ковани клипови со поголем пречник.

Посебни мери за справување со температурата во хипермоќниот мотор

Тјунирањето продолжува со замена на обата турбополнача со полначи со поголем компресор и турбина, коишто се адаптирани за моторот V12 преку специјални издувни гранки. Издувот завршува со цевки со пречник од 80 милиметри, вградени се и метални катализатори со намален отпор, а секако дека и целиот издувен систем е изработен од благороден челик, задолжително вклучувајќи ја флексибилната придушница. Соодветно е модифицирано и вшмукувањето на воздух, заради обезбедување на дополнителен воздух за моторот. Вшмукувачкиот модул Brabus 900 е изработен од карбон, а посебно за него е изведена и нова маска. Во новиот вшмукувачки тракт е вклучено и специјално куќиште за филтер за воздух со зголемен капацитет на вшмукување, специјални филтери и облога „Gold Heat Reflection“ во вшмукувачките цевки, заради намалување на температурата.

Брзиномерот до 400 километри на час воопшто не е претеран во Brabus Rocket 900
Брзиномерот до 400 километри на час воопшто не е претеран во Brabus Rocket 900

Моторот по тјунирањето постигнува моќност од 900 КС при 5.500 вртежи и вртежен момент од 1.500 њутнметри при 4.200 вртежи. Забрзувањето е подеднакво импресивно, со 3,7 секунди до сто, исто како и крајната брзина што е повисока од 350 km/h. Соодветно на овие перформанси се изработени ковани бандажи по мера, со пречник од 21 инч и гуми со димензија 255/35 ZR 21 напред и 295/30 ZR 21 назад. Brabus вградува и специјален модул за активното подвозје на Mercedes-Maybach, коешто се спушта за 25 милиметри, без притоа да се нарушува комфорот.

Ниту активното подвозје не е проблем за тјунирање во Brabus

Аеродинамичните компоненти за ексклузивната лимузина што е подолга за 21 сантиметар од продолжената верзија на класата S се посебно дотерани во аеродинамичен тунел и изработени со највисок квалитет. Предниот браник е комплетно нов, со повпечатлив дизајн и интегриран спојлер којшто го спречува подигањето на носот при високи брзини. Задниот браник со интегриран дифузор има точно скроени отори за четирите хромирани издувни цевки. Возачот може преку копче што дејствува врз флексибилната придушница во издувниот систем да избира дали во моментот сака тивко возење или пр спортски продорен звук на моторот.

Преработката на ентериерот е следната специјалност на Brabus. Секој детал може да се изработи по посебна нарачка, во кој било замислив материјал или боја, вклучувајќи украсни панели од благородно дрво или вистински карбон. Истото важи и за опремата. По желба, тјунерот од Ботроп ќе го претвори целиот ентериер во работна канцеларија со комплетeн хардвер и софтвер од Apple.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford GT се враќа на Леман по половина век

Автомобилскиот лак бара посебна грижа лете