за

Mercedes за пробивање низ градската џунгла

Mercedes ќе го претстави новиот модел GLA на салонот во Шангај. Со тоа, марката со сребрената ѕвезда е во голема временска предност пред конкурентските модели BMW X2, чија премиера е најавена дури за 2016 година, и пред Audi Q2, кој доаѓа една година пред тоа. Основата на возилото потекнува од класата А, а концептот на каросеријата е развиен како кросовер купе. Купувачите ќе можат да избираат меѓу верзија на GLA со погон на предните тркала или на сите тркала. Покрај дизелите со моќност од 136 и 170 КС, во понуда ќе биде и бензинецот со 211 КС во GLA 250. Врвен модел ќе биде GLA 45 AMG, со погон на сите тркала како стандард и со дволитарски мотор со моќност од 350 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ги напаѓа AMG и M GmbH со серијата Polestar

Од сите диви мачки омилена ми е…