за

60 години од првиот автомобил на Seat

На 13-ти ноември 1953, по три години од основањето на компанијата, Шпанците го произведоа првиот модел Seat 1400 во стил на американските крстосувачи од тоа време.

Откако од погоните во Зона Франка се симна првиот модел „1400“, во фабриката на Seat во близина на Барселона се произведоа повеќе од 16 милиони возила, вклучувајќи ги легендите Seat 600 и 127. Повеќе од 80 проценти од произведените возила денес одат за извоз, преку 1.800 продажни центри во цел свет.

Првиот модел на Seat се продаваше за денешни 40.000 евра!

Изборот производството да стартува со Seat 1400 не беше случаен. Владата имаше потреба од автомобили, а во исто време моделот одговараше и за такси превоз. Со фабричка цена од 121.875 пезети, што одговара на денешни 41.735 евра, првично се произведуваа пет автомобили дневно, со работна сила од 925 лица. До крајот на 1954 година беа испорачани 945 примероци од Seat 1400. На салонот во Барселона во јуни истата година, Seat го претстави моделот пред јавноста и прими 10.000 нарачки за истиот. Големата побарувачка за моделот овозможи неговата цена да се спушти на 117.000 пезети, односно денешни 39.648 евра.

Продукцијата постепено се зголемуваше и достигна околу 3.000 примероци годишно. На 5-ти мај 1955 година и официјално беше отворена Зона Франка. Во 1956 година се произведоа 7.000 возила, во следната десет илјади. По две години, Seat вработуваше 5.000 лица. Моделот 1400 се произведуваше до 1964 година, по повеќе од 98.000 продадени примероци. По него следеше моделот 1500, исто така изработен врз лиценца на Fiat .

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Mazda6 SportCombi 2.2 CD 150 Challenge

Барселона е светска престолнина на електричните автомобили