за

5300 кандидати за пет вработувања во Ferrari

На конкурсот за вработување во Ferrari се пријавија 5.300 академци од 23 држави. Само 96 кандидати ќе бидат повикани на интервју и само пет од нив ќе ја добијат работата од соништата во Маранело.

Службата за човечки ресурси на Ferrari моментно има мачна и одговорна работа да ги избере најдобрите меѓу 5.300-те кандидати од 23 држави. Апсолвенти од најпрестижните универзитети во светот, меѓу кои Универзитетот Оксфорд, МИТ од Бостон и Универзитетот Цингуа во Пекинг, поднесоа кандидатура за програмата за дипломци на Ferrari.

Ќе се вработат петмина академци

Ferrari бара петмина академци за вработување по шестмесечна приправничка работа. Само 96 кандидати ќе бидат повикани на интервју. Изборот на кандидатите ќе заврши на 22-ри јануари, а имињата на петте најуспешни кандидати ќе бидат објавени во почетокот на идниот месец.

Ferrari како најдобар работодавач во Европа

Во минатите години Ferrari неколку пати беше прогласуван за најдобар работодавач во Европа од страна на „Институтот Одлично место за работа“. За некое претпријатие да добие право за учество на меѓународниот конкурс „Одлично место за работа“, претходно мора да учествува на најмалку пет национални конкурси. Се оценуваат довербата на работодавачот во водечките сили на претпријатието, поддршката и унапредувањето на работните места, ентузијазмот на вработените од сопствената работа и општо од работодавците, како и за тимскиот дух меѓу колегите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Словачка е број 1 во Европа по број на произведени возила по жител

Најпродаваните марки во Европа во 2013