500.000 километри без дефект во Opel Zafira

Сопственик на Opel Zafira од 2002 година денес се појави пред централата на марката во Риселсхајм со точно 500.000 изминати километри – без каков било дефект на возилото!

По дванаесет години користење на Opel Zafira, Германецот Андреас Шилд од Франкфурт денес беше пречекан лично од шефот на марката со молња во маската, Др. Карл-Томас Нојман. Ванот на Андреас Шилд е Zafita 2.2 DTi од 2002 година, со 125 КС и со тогашното ниво на опрема Selection Executive. Искуството на Германецот со овој автомобил е во тоа што тој ги минал половината милион километри без каков било дефект, исклучувајќи ги редовните замени на сопирачките дискови и облогите. Поради истрошеност биле заменети и издувниот лонец, две пружини, како и сервопумпата за управувањето – што е сосема разбирливо ако се има во предвид огромната километража на Zafira. Сите останати делови во возилото се оригинални, од првото вградување.

Шилд е сопственик на агенција за организирање манифестации од Франкфурт и досега поседувал повеќе модели од Opel – исклучиво Opel. Првиот автомобил, Opel Rekord 1900 L од 1965 година, тој го добил како подарок за положениот возачки испит од неговиот чичко во 1978 година, за подоцна да следуваат Kadett, Omega и уште една Zafira пред актуелнава.

Пријателите постојано се шегуваат со Шилд и со неговата Zafira: „Што, ова уште вози?“ Да ги посетеа нашите улици, овие ќе знаеја дека и половина милион километри уште се малку.

Шефот Нојман (лево) веднаш организираше сликање покрај новата Zafira, за Шилд да се присети да го замени автомобилот - но, овојпат безуспешно, Шилд е погрешниот човек за тоа
Шефот Нојман (лево) веднаш организираше сликање покрај новата Zafira, за Шилд да се присети да го замени автомобилот – но, овојпат безуспешно, Шилд е погрешниот човек за тоа

Претходна објаваШто е побрзо: Велосипед или Ferrari?
Следна објаваКако се произведуваат турбополначите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here