Точно на денешен ден пред 40 години се симна првиот Volkswagen Golf од производствените ленти во Волфсбург. Датумот се поклопи со најголемиот салон на олдтајмери. Посетителите на Техно Класика во Есен ќе пробаат од роденденската торта.
Посебно за одбележувањето на 40-годишнината за време на одржувањето на салонот Техно Класика во Есен, музејот на Volkswagen изложи примерок на Golf од 1975 година. Намерно не е изложен примерок од првото годиште на моделот: „Изложеното возило е модел од раната серија на Golf I. Денес се останати само малку примероци од овој тип со хромирани браници. Еден од овие примероци на Golf учествуваше на 94-дневниот маратон од Аљаска до Огнената Земја во должина од 30.000 километри. Ова е модел од првата серија и излоќен е во музејот во Волфсбург, со траги од годините и со гребаници“, објаснуваат од Volkswagen.
На Техно Класика се одбележуваат и 58 годин на Бубата. Во изложената колекција се наоѓаат возилото од Миле Миља во 1956 година, филмската ѕвезда од Херби од 1960 година и легендарниот тркачки модел од релито Салцбург во 1971 година.