Четиричлено семејство не мораше да плати ниту влезница во „Светот на BMW“ за да добие автомобил на бесплатно користење за една година. Причината: „Тие“ беа 20-милионитиот посетител на спектакуларниот центар на BMW.
Четиричлено семејство денес во 12 часот и 8 минути го доживеа најубавото можно автомобилско изненадување влегувајќи во BMW Welt, односно во „светот на BMW“. Точно осум години по отворањето на овој спектакуларен центар посветен на марката од Минхен, „светот“ го одбележа 20-милионитиот посетител. Посебно за таа чест, во центарот пристигна и градоначалникот на Минхен, за пријатното изненадување што следеше за германското семејство Валд од градот Ахен. Шампионот во DTM, Марко Витман, во име на „светот на BMW“ му ги предаде на семејството клучевите од новата генерација на X1, кое што Валдови ќе го користат бесплатно во период од цела една година.
Со три милиони посетители, BMW Welt беше најпосетувана туристичка дестинација во Баварија во минатата година. Градоначалникот Дитер Рајтер: „BMW Welt за неколку години прерасна во вистински заштитен знак на Минхен. Тој е симбол за атрактивноста, привлечноста и модерната нота на градот и придонесува во успешноста на Минхен како туристичка дестинација.“ При планирањето на центарот, BMW првично очекуваше дека нивниот свет годишно ќе привлекува најмногу 850.000 посетители.
Само една третина од посетителите се Германци, додека останатите посетители во најголем дел пристигаат од САД, Азија и Блискиот Исток. Повеќе од една третина од посетителите веќе еднаш го имаат посветено центарот.
https://youtu.be/FjM94ZpWib4
















