Поради грешка на белгиските полицајци 186 возачи ќе минат неказнето за пребрзо возење. Сите овие возачи биле фатени на радар, но службениците напишале погрешна улица.
Полицијата го следела сообраќајот на делница што води кон автопатот, но при подготовката направила грешка во извештаите, наведувајќи го името на соседната улица. Сите прекршители во сообраќајот сега ќе добијат писмо во кое што ќе бидат известени дека казната им е поништена. Меѓу брзите возачи имало и таков што на пат со дозволени 50 километри на час летал со брзина од дури 104 километри на час.